Се крчка ли името на новиот јавен обвинител?

February 22, 2025
1 min read

Министерството за правда го изготви предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски до следната редовна владина седница, односно до наредниот вторник, оваа точка би се нашла на дневен ред на првата наредна седница.

Според првиот вицепремиер Изет Меџити, меѓу коалициските партнери наводно не се разговара кој да биде нов државен обвинител, бидејќи како што вели Меџити, ‘не разговараат за одредено име, туку за човек кој треба да биде посветен професионалец“.

„Во принцип, не зборуваме за име, зборуваме дека треба да биде професионалец којшто ќе придонесе да се врати довербата на граѓаните во судството и обвинителството“,изјави Меџити.

Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, во врска со постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, истакна дека тоа не е реформа на судскиот систем, туку упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар и послушник на власта.

„Ова не е реформа, туку кршење на демократијата, удирање во чело на уставниот поредок, на поделбата на судска, извршна и законодавна власт“, рече Костовски.

Тој нагласи дека и СДСМ не е задоволна од работата на државниот јавен обвинител но начинот на избор на јавен обивнител мора да биде законска.

„Не сме задоволни. Нема покренато постапка за Груби, кривична пријава или прогон за именувањето на Бојан Христовски во АНБ, за неговиот сертификат, за пуштањето на Блерим Рамадани на истиот граничен премин, за сите екскузрии што ги правеше Гаши, со обезбедувањето на скопскиот аеродром, одењето со сватови. Досега нема ништо од Јавното обвинителство“, рече Костовски.

Ако не се почитуваат процедурите се врши упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар, нешто што е веќе видено, додаде тој.

„Власта веќе има поставено сопруга на градоначалник на ДПМНЕ во Судскиот совет, близок пријател на Меџити во Советот на јавни обвинители. Значи се враќаме назад, во лоши минати времиња, режим, контролирани постапки, уценети судии и јавни обвинители“, нагласи организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски.

Инаку, според Законот за јавно обвинителство, на предлог на Владата, републичкиот јавен обвинител го именува Собранието за време од шест години со право на повторно именување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДС смени курс и стана антиамериканска партија

Следно

„Безбеден град“ стартува во 2026 година: Паметните камери ќе ги следат прекршоците

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop