ВМРО-ДПМНЕ: Ако МВР навреме реагираше, Вања немало да биде убиена од екс претседателот на градската организација на СДС

December 19, 2023
1 min read

реклама


ВМРО-ДПМНЕ со соопштение врати на СДСМ, од каде претходно соопштија дека Мицкоски признал средба со Палевски, и дека лидерот на опозицијата признал немање информации за настанот.

„СДС ги плукаат, а тие велат врне, Вања немалo да биде од убиена од екс претседателот на нивната градска организација Палчо, ако МВР на Спасовски навреме реагираше.

реклама

Љупчо Палевски е екс претседател на градската организација на СДС, тој е близок соработник на власта, човек кој беше опозиција на опозицијата. Палчо е СДС колку што се Ковачевски и Зечевиќ.

СДС се плаши од поврзаноста со Палчо, затоа што МВР на Спасовски можеше, но не стори ништо да го фати на време, а Вања да биде спасена.

реклама

Доколку беше распишана централна објава по возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, убијците на Панче ќе биле фатени уште истиот ден кога возилото првпат е регистрирано од камерите на „Безбеден град“, а до убиството на Вања кое се случило на 27-ми немало да дојде.

СДС не може да се испере од фактот дека Вања е мртва заради ненавремена и неефикасна истрага во случајот Панче од страна на МВР на Спасовски.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Најмалку 118 загинати во земјотрес во Кина – спасувачките екипи се борат со студот во потрагата по преживеани

Следно

Мицкоски во посета на општина Свети Николе

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop