ВМРО-ДПМНЕ: 20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, Владата работи посветено за секого

August 8, 2025
1 min read

Владата работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита. Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, и се дополнува:

„Со ребалансот на Буџетот за 2025 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека ќе се зголемуваат платите и пензиите. Ако порано парите исчезнуваа од Буџетот и никој не одговараше за истото, сега се прави јасна дистинкција дека парите завршуваат во џебот на граѓаните.

Да потсетиме дека освен ова зголемување од 20% во делот на социјалната заштита, претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно 7 илјади денари.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Условна казна затвор и депортирање доби германски државјанин за ширење омраза на натпреварот Шкендија–Карабах

Следно

ВЛЕН: Бујар Османи е синоним за сомнителни тендери – Чаир не е прибежиште за корупција!

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop