ВЛЕН: Организаторот на просрпскиот собир во Куманово имал блиски врски со Бујар Османи

May 23, 2026
1 min read

Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава.

Од ВЛЕН велат дека ДУИ е „последната партија што може да зборува за српско влијание“, потсетувајќи дека токму тие биле дел од иницијативата „Отворен Балкан“, која според нив му служела на српскиот претседател Александар Вучиќ и ја заобиколувала Косово.

„Наместо политички циркус и обвинувања кон ВЛЕН, ДУИ треба јавно да одговори за своите врски со Вљадимир Стајиќ, човек кој се поврзува со организирање собири во поддршка на Вучиќ“, наведуваат од коалицијата.

Во реакцијата се тврди дека Стајиќ е близок со Бујар Османи, а од ДУИ бараат објаснување какви односи имаат со него и зошто, како што велат, луѓе блиски до партијата се поврзуваат со организатори на просрпски настани.

ВЛЕН порачува дека се против секое српско влијание и против, како што велат, обиди Северна Македонија да се оддалечи од евроатлантскиот пат, но истовремено ја обвинуваат ДУИ за политичка хипокризија.

„Кога беа на власт правеа политички договори, а кога ја загубија власта почнаа да зборуваат дека е загрозено албанството“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хал со гол во 95. минута се врати во Премиер лигата (ВИДЕО)

Следно

За 70% е зголемен бројот на уапсени мигранти во Њујорк по доаѓањето на Трамп во Белата куќа

Latest from Blog

Кромберг и Шуберт продолжува успешно да работи – Мицкоски во посета на фабриката во Битола

Разговорот беше фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, развојот на техничкиот кадар и долгорочната конкурентност на македонската економија Кромберг и Шуберт денеска беше домаќин на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на

Образование на мајчин јазик и подобри услови – клучни барања на Македонците во Албанија

Редакција на весник Македонски весник “Илинден“ Македонците во Албанија и понатаму се соочува со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места. Иако македонското малцинство

Пронајдени остатоци од товарниот авион „Боинг

Во тек се напори за пронаоѓање на петте членови на екипажот кои биле во авионот, соопштија пакистанските власти, пренесува Ројтерс. Остатоци од товарниот авион „Боинг 737“ на „К2 Ервејс“ беа пронајдени 53
Go toTop