ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

April 30, 2026
2 mins read

ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, ВЛЕН ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо.

Наместо да објасни зошто клучниот енергетски проект за енергетско поврзување со Албанија беше блокиран со години, ДУИ повторно избира да шири дезинформации и политички конструкции. Вистината е многу поедноставна и многу понепријатна за нив. Проектот што денес го напаѓаат беше во состојба на практично целосен застој, со реализација од само 4% во период од четири години. Кога ВЛЕН ја презеде одговорноста, договорот веќе беше истечен, без реални предуслови за негово продолжување и без каква било градежна активност на терен. ДУИ ќе одговара за криминал и кочење на проектот.

ДУИ ќе треба да одговори зошто нивниот партиски член Нефи од Охрид беше главен подизведувач на проектот кој служеше само за испумпување на пари од МЕПСО.

ДУИ ќе треба да одговори како тоа опремата за овој проект се наоѓаше во магацините на Нефи од Охрид.
ДУИ ќе треба да одговори дали парите кои се испумпуваа од овој проект завршуваа во личните џебови на Али Ахмети и Бујар Османи.

Ако ДУИ не одговори, има кој, ќе одговори Јавното обвинителство.
Наместо изградба, со години се водеа преговори за дополнителни финансиски барања. Беше побаран анекс од речиси 50% од вредноста на договорот, односно близу 8 милиони евра повеќе, што е спротивно на договорните услови и на секоја економска логика. Дополнително, постојат евиденции за еднострано напуштање на градилиштето од страна на изведувачот, како и условување со нови финансиски барања веднаш по склучувањето на договорот, кој и самиот бил добиен по нереално ниска цена.

Во меѓувреме, државата плаќала камати за кредит уште од 2015 година, без проектот да се движи напред. Според интерните анализи и физибилити студијата на MEPSO, секоја година незавршен проект генерира загуби од околу 5 милиони евра. Тоа значи дека вистинската штета не е онаа што денес ја злоупотребува ДУИ во својата реторика, туку штетата што се создаваше со години поради нивната неспособност и погрешни одлуки.

Одлуката за раскинување на ваков нефункционален договор не е политичка, туку институционална и логична. Таа не е донесена импровизирано, туку по детална форензика и длабока анализа на целиот проект, во согласност со правилата на European Bank for Reconstruction and Development и меѓународните процедури. Дополнително, ваква одлука постоела и од претходниот менаџмент, што само го потврдува континуитетот во оценката дека проектот бил поставен на погрешни основи.

Обидите на ДУИ да ја претстави постапката пред DAB како извршна одлука се свесна манипулација. Станува збор за предарбитражен механизам, кој не претставува правосилна одлука и во кој државата има целосно право да ги искористи сите правни средства за заштита на своите интереси. Да се пласира ова како „конечна штета“ е намерно создавање паника и дефокусирање од суштината. Да потенцираме, арбитражата е инстанца за решавање на вакви спорови, а таму предметот ќе биде решен во корист на државата и буџетото на граѓаните.

Во однос на изборот на новиот изведувач, станува збор за компанија како Dalekovod d.d., која е докажан европски субјект, со повеќедецениско искуство, листирана на берза и дел од индустриската групација KONČAR Group. Компанијата реализира проекти во повеќе од 80 држави и работи на најстрогите европски пазари, вклучително и Скандинавија, каде што техничките стандарди се највисоки. Таа соработува со водечки оператори како Statnett, Svenska Kraftnät и TenneT, што ја прави гаранција за квалитетна реализација.

Разликата денес е јасна. Во време на оваа влада, проектот кој беше практично „мртов“ конечно започнува да се реализира и ќе биде завршен. Единственото енергетско поврзување што ДУИ не успеа да го изгради за 20 години, денес станува реалност.

Овој криминален договор беше склучен во нивно време.

Застојот беше резултат на нивното управување.

Штетите се акумулираа поради нивната неспособност.

Затоа, истрагата што ја бараат е повеќе од добредојдена. Ќе треба да ја добијат.

Затоа што токму таа истрага ќе ги извади на виделина сите ваши криминалии.

А граѓаните веќе гледаат кој блокираше и кој гради. ДУИ може да лаже и да инсинуира колку сака. Но вистината е една. ДУИ ги блокираше проектите од интерес на Албанците во Северна Македонија, ниту се градеше енергетско поврзување со Албанија и Косово, ниту се градеше Коридор 8, ниту се градеше премин кон Косово.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола останува дом на најдобрите театарски изведби

Следно

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на урбаната опрема низ градот

Latest from Blog

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,
Go toTop