ВЛЕН: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

August 12, 2025
1 min read

Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Бујар Османи. Знаат дека за дваесет години политика никогаш не направил ништо за Чаир, ниту помогнал на некого од Чаир. Се враќа тука само кога му требаат гласови за да ја продолжи својата лична политичка кариера.

Бујар Османи е симбол на кариеризмот – човек кој ја користеше секоја функција за сопствен напредок, а не за доброто на граѓаните.

Како министер за здравство доби амнестија во предмет на СЈО за незаконски набавки, а извештаите на Државниот завод за ревизија документираат милионски незаконски трошоци: милиони денари за деривати без покритие, сервисирање возила без докази, незаконски вработувања преку агенции.

Како министер за надворешни работи потроши над 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ, без документи, без фактури, без извештаи. Единствената „победа“ што ја запомнивме е тоа што го пречека рускиот министер Лавров, потег што и нанесе штета на меѓународната репутација на државата.

Како претседавач на ОБСЕ стана познат по тоа што застана на српска страна во спорот со Косово, и наместо да гради стратешко партнерство со Косово, организираше десетици средби и ручеци со српскиот државен врв, отворајќи го пазарот за српски капитал и сомнителни бизниси.

Како дел од Владата на ДУИ беше соучесник во дозволата за влез на МТЕЛ и српските казина во Македонија, од кои две лиценци завршија во рацете на компании со контроверзно српско и црногорско потекло.

Чаир не заслужува човек кој цела кариера ја помина далеку од проблемите на својата општина, кој се појавува само кога му треба поддршка, и кој зад себе остава само долгови, сомнежи и скандали.

Чаир ќе избере човек кој 20 години дише и живее со проблемите на оваа општина, кој ги решава проблемите на граѓаните, а не ги користи за лични договори и лични кариерни причини.

На 19 октомври, граѓаните на Чаир ќе му кажат јасно и гласно: Доста беше, Бујар! Доста абеше од твојот кариеризам!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

Следно

Лил, Фенербахче и Џенова влегоа во трка за Димитриевски

Latest from Blog

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од

Последен извештај од 20:30 часот: Сообраќај во зимски услови, сите патишта се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка, а во Македонски Брод, Крушево и Ресен има слаби врнежи од снег
Go toTop