Власта и опозицијата со различни ставови околу лидерската средба

October 8, 2023
1 min read

реклама

Власта и опозицијата остануваат на своите ставови околу можноста за одржување на лидерска средба. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на ваква средба бидејќи според оваа партија земјата се наоѓа пред два клучни изборни процеси и доколку не се разговара за тоа, можна е уставна криза, додека од СДСМ сметаат дека нема основа за одржување на ваква средба на која би се договарало нешто надвор од законските процедури.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера во изјава за медиумите рече дека не може да се прават лидерски средби на коишто ќе се разговара за решенија што не се усогласени со ниту еден закон. Нагласи дека останува отворена понудата дадена на последната лидерска средба.

реклама

  • Ние не можеме да супституираме институции, значи да укинуваме Парламент, да укинуваме политички партии и да правиме лидерски средби на коишто ќе се разговара за решенија што не се усогласени со ниту еден закон. Но со оглед на тоа дека имавме лидерска средба на која што како претседател на СДСМ му понудив на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, решение – во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на избори. Или доколку сакаат да ги отвориме уставните измени, да влезат во Владата на паритетна основа односно 50 проценти од министерствата, да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата, да затвориме заедно едно или две поглавја, во што сум убеден дека можеме да го направиме до февруари, и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Тоа се опциите што стојат на маса, рече Ковачевски.

Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Според Ковачевски, претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во законскиот термин, односно согласно законските рокови, земјава на 12 мај следната година треба да има нов претседател, а на 15 јули нов парламентарен состав.

реклама

Од друга страна, според лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој иницира ваква средба, неопходно е таа да се одржи бидејќи државата се наоѓа пред два значајни изборни процеси следната година. Тој вчера во изјава за медиумите рече дека ваква средба може да свика и претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Ценам дека на неколку месеци пред избори добро е да се седне на лидерска средба каде што ќе има претставници од Владата, претставници од опозицијата. Нека биде организатор Талат Џафери, нека биде во Парламентот. И таму ќе дојдам да разговараме за можните датуми за избори бидејќи, во меѓувреме, треба сите да сме свесни дека имаме два големи верски празници како што се Рамазан и Велигден, така што мора да го подготвиме амбиентот за да имаме фер изборен процес, рече Мицккоски.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дипломатски тениски турнир во Скопје

Следно

Пожарникарите ширум земјава се борат со пет активни пожари

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop