Власта го урна целиот систем на култура, нема нови објекти, а директорските места ги чуваат како за партиски вработувања

December 17, 2023
1 min read

„Оваа власт ни покажа во овие 7 години како се урива еден систем во културата и со тоа ни ги отворија очите дека некој друг може да забега по тој пат“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков во гостување во „Тема на денот“, на ТВ Сител.

Тој додаде дека нема никакви капитални инвестиции што значи дека во 7 години не е изграден ниту еден објект. Додаде дека министерката за култура отворено признала дека директорските места ги местат за партиски вработувања.

„Таа кажа дека имаме в.д. директори но бидејќи не ги исполнуваат критериумите да станат директори и им фалат сертификати и некакви дозволи ги чекаме да ги дособерат па подоцна ќе го отвориме конкурсот за да станат директори“, кажа Љутков.

Во однос на објектот кај старата скопска чаршија, тој истакна дека тој е урнат пред една година.

„Објектот во старата скопска чаршија не е урнат сега туку пред една година на 18-ти декември 2022 година и кренавме галама за тој објект затоа што тој е заштитен со законот за културно наследство и има двојна заштита со споменичка скулптура“, рече Љутков.

Тој заклучи дека кога пријавиле во министерството за култура, министерката им кажала дека ќе реагираат за да денеска да видат дека таа знаела уште од октомври месец, а објектот е урнат во декември и тука има тотална конфузија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре стабилно време со пораст на дневните температури

Следно

Сончево со температури до 10 степени

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop