Владика Петар до Вранишковски: Се служи со големи манипулации, Господ да му прости

November 13, 2025
1 min read

Во неговото искажување, во претходните како и во последното, Вранишковски се служи со големи манипулации, жалам јас и Господ да му прости, ако прошка може да се даде за свесно изнедување невистини, а тука се работи за свесно изнесување невистини. Прво и основно,  треба хронолошки да се постават работите, изјави владиката Петар во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, одговарајќи му на владиката Јован на изнесените невистини во јавноста за наводните негови огромни заслуги за добивањето на автоќефалноста, Охридската Архиепископија како бугарска институција и уште понаводната улога на СПЦ како мајка црква на МПЦ-ОА.

-Треба да говориме за работите какви што се, реални и вистински и да не оставаме простор кај слушателите и верниот народ дека ние како архиереи во црквата манипулираме со верниците и со севкупната јавност. Имено, во однос на прашањето за мајка црква, тоа е многу коментирано и е јасно као ден дека единствена мајка црква е ерусалимската црква и тука нема простор за манипулации и лаги. Тоа со „мајка и ќерка“ се однесува на црква која е произлезена од црквата од која е одвоена. Од таму гледано, и литургиски и догматски мајка црква е Ерусалимската црква, на сите православни цркви, посочи владиката Петар во НАТКАСТ.

Митрополитот преспански и повардарски од МПЦ-ОА во НАТКАСТ ги изнесе сите криминали од минатото на Вранишковски, како и патот на неговата „кариера“ во црквата, меѓу кои и проневера на 250 илјади евра за кои човекот со световно име Зоран и беше осуден во 2009-та на 2,5 години затвор, за проневери со придонесите од платата, со продажби ан авотмобили, донации и црковни имоти.

На прашањето ан Цветановски, дали првпат Вранишковски ја кажал вистината кога рече дека е Византиец по идентитет, имајќи предвид дека псотојано прави „византиски игри“ кои се синоним за манипулации и сплеткарење, Владиката изјави:

-Жал ми е мене што се случи ова, да не излезеше тој со вакви изјави и сето тоа што се случи, јас немаше да излезам како Владика да дискутирам за ова ако прв тој не почнеше и не кажеше невистини и измами кави што кажа.И треба еднаш за секогаш да се каже вистината за сите работи, изјави г. Петар во НАТКАСТ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен е трејлерот на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“- по 20 години се собра славната екипа (ВИДЕО)

Следно

Полицијата во Јапонија доби овластување да пука во мечки: Причина – чести напади врз луѓе

Latest from Blog

Коњановски: Битола ги слави слободата и достигнувањата на своите сограѓани

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков.

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација
Go toTop