Владата за 15 милиони денари го намалила буџетот за животна средина

November 11, 2024
1 min read

Град Скопје оваа година во Програмата за заштита на животната средина вклучи само една мерка за зачувување на квалитетот на воздухот – бесплатен јавен превоз при високо ниво на загаденост и кога Владата активира мерки за заштита на граѓаните. И покрај ова, буџетот за 2024 година предвидува намалени средства за еколошка заштита. Новата влада со ребалансот на буџетот средствата планирани заМинистерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги намали од 50 милиони на 35 милиони денари на нивото на целата држава.

Советниците од „Зелен хуман град“ повеќепати предлагаа краткорочни и среднорочни мерки за намалување на загадувањето, но и покрај усвоените предлози, Градот ретко ги спроведуваше. За да укаже на сериозноста на проблемот, советникот Горјан Јовановски дури се појави со гас-маска на една од седниците.

Последниот предлог од јуни, кој беше прифатен од советниците, вклучуваше 19 препораки изработени на првото Климатско собрание на Скопје. Градските служби треба да изготват план за имплементација на препораките, вклучително и временски рокови и финансиски извори, но досега нема постигнато видливи резултати.

Мерките во оваа иницијатива опфаќаат редовно чистење на улиците, зголемување на зелените површини и одржување на постојното зеленило според потребите на граѓаните и локалните услови.

Загадувањето на воздухот резултира со илјадници смртни случаи годишно, и за да се подобри состојбата, потребни се построги мерки за контрола на индустријата, замена на старите системи за греење со инвертери и подобра еколошка одговорност.

Во изминатиов викенд гореа и диви депонии во Визбегово и тоа на пет локации, а на терен дејствуваа инспектори на Град Скопје, пожарникарите и екипи на неколку јавни претпријатија. Како што тврдат од Град Скопје, само во текот на викендот скопските инспектори за животна средина и комуналните инспектори изрекле казни на повеќе од 25 сторители.

Истражувањата на УНДП и Универзитетот „Гоце Делчев“ посочуваат дека домаќинствата и јавните објекти што користат фосилни горива се главни загадувачи, додека „Шанса за Центар“ мапираше околу 700 јавни објекти кои користат нафта и мазут за греење, меѓу кои се болници, училишта и градинки во Скопје.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави нов проект за намалување на загадувањето преку замена на системите за греење во болниците, додека министерот за животна средина Изет Меџити истакна дека загадувањето е приоритет и дека е во тек акционен план, вклучувајќи повторен обид за гасификација на урбаните центри.

Во Скопје се поставени само пет државни мерни станици и една мобилна за следење на квалитетот на воздухот, но некои од нив не секогаш функционираат правилно или мерат само одредени честички. Во моментот, на „IQAir“ платформата, Скопје варира помеѓу 4-то и 15-то место на листата на најзагадени градови во светот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се јавија експертите за партизација на судство: ВМРО-ДПМНЕ наводно го партизирале, aко нешто и остана непартизирано од СДСМ…

Следно

Муртезани и Дука разговараа за координација и синхронизирање на ЕУ и Реформската агенда за заеднички пробив на европскиот пат

Latest from Blog

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во
Go toTop