Владата смета дека сега не треба да се трошат пари за избори, опозицијата подготвена за предвремени избори

November 7, 2024
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека не е проблемот дали да се оди на предвремени парламентарни избори, туку дали е потребно сега да се трошат пари за избори. На ист став се и од албанската коалиција „Влен“ која е дел од Владата, додека опозициските СДСМ и ДУИ се изјаснија дека се подготвени за предвремени избори.

Премиерот Мицкоски во изјава за медиумите дадена вчера во Скопје рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да оди на избори, но дека прашањето е дали е потребно да се потрошат дополнителни 10 милиони евра за избори, пари на граѓаните. Посочи дека во тој период ќе застане системот, нема да се испорачуваат реформи, за да, како што посочи, „уште еднаш СДСМ се соочи со уште еден голем пораз“.

– Овој пат мислам дека ќе биде поголем од тој што го имаа пред шест месеци. Или да избереме опција да работиме четири години и да ги засукаме ракавите за доброто на граѓаните. Јас би ја избрал втората опција. Затоа реков мандатот на оваа Влада на граѓаните што го доби е четири години. Дали сме подготвени? Утре да одиме, подготвени сме, нема тоа никаков проблем. Но, ние носиме одлуки што се во интерес на граѓаните, не во интерес на љубители на естрада, рече Мицкоски.

Според него, локалните избори што треба да се одржат следната година се можност партиите да видат каква доверба имаат кај граѓаните. На опозициските партии им порача програмски и кадровски да се освежат.

Ист став имаат и од коалицијата „Вреди“. Оттаму не гледаат логика да се распишат предвремени избори кога има стабилна Влада со мнозинство до 78 пратеници и кога нема ниту некаков потрес или криза во Владата.

– Од 90-тите досега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 и тоа расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 што е две третини од Собрание. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа е само трошок за државата и губење време, изјави пред некој ден првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити при посетата на депонијата Дрисла.

Од Движењето ЗНАМ, кое исто така е дел од владината коалиција, се изјаснија дека се подготвени за избори, доколку мнозинството одлучи дека треба да се оди на избори. Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на телевизиско гостување рече дека доколку се случат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, драстично ќе се намали бројот на пратеници од СДСМ во Собранието.

Прашањето за предвремени парламентарни избори се отвори на првата собраниска седница посветена на пратенички прашања кога како одговор на лидерот на СДСМ Венко Филипче, премиерот Мицкоски рече дека може да одат на избори, но да не се покајат од СДСМ за тоа.

Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите од Сингапур и Дубаи, ние работиме и ќе направиме се што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја однесеме ка

– Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат, рече Мицкоски откако лидерот на СДСМ од собраниската говорница го повика да го врати мандатот.

– Рековте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Ајде премиере еве сега шанса во Собранието да го вратите мандатот, рече Филипче.

По ова опозициската СДСМ изјави дека е подготвена да оди на избори и оти во секој следен циклус на избори ќе настапува многу организирано и поуспешно.

– Нашата теренска анкета укажува дека 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца граѓани не се задоволни од економските политики, од падот на животниот, од нашиот европски пат. Исто така, тоа е и порака дека Влен и ЗНАМ очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција во понеделникот во Собранието.

Можноста за предвремени парламентарни избори ја прифатија и од Демократската унија за интеграција, а лидерот на партијата Али Ахмети на средба со граѓани во Куманово најави дека доколку изгуби, ќе се повлече од политиката.

За предвремени парламентарни избори се и од Алијанса за Албанците на Зијадин Села. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наутро студено време, во текот на денот сончево со температури до 19 степени

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го изложија државниот буџет на дополнителни трошоци и ја ставија на ризик довербата во институциите откако ЕК откри криминал

Latest from Blog

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

СКОПЈЕ (АА) – Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу. Тој бил
Go toTop