Владата потпиша договор со „ДМ Бау Интернешнал“, најмалку седум милиони евра инвестиција и 200 нови работни места

December 10, 2024
1 min read

Најмалку седум милиони евра и 200 нови работни места, предвидува инвестицијата на швајцарската „ДМ Бау АГ“ за која денеска во Владата Договор потпишаа премиерот Христијан Мицкоски и менаџерскиот тим на компанијата.

Како што информира Мицкоски по потпишувањето, инвестицискиот план ќе се реализира во индустриската зона близу Куманово, а вклучува вложување во купување земјиште, целосна изградба на погони и нивно опремување со машини за производство на модуларни објекти со различна намена.

Изградбата на планираните објекти треба да почне кон крајот на првата половина од 2025 година.

Според премиерот, планираната инвестиција ќе ја надмине првичната сума од најмалку седум милиони евра наведена во Договорот.

„ДМ Бау Интернешнал“ е дел од Групацијата „ДМ Бау“, швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години традиција.

Влада

-Покрај производсто на вакви објекти, компанијата е и нивен изведувач. Обртот е неколку десетици милиони швајцарски франци, има повеќе од седумдесетина вработени и 30-на проекти годишно. „ДМ Бау“ е еден од најголемите европски производители во овој сегмент. Моментното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите, „ДМ Бау“ одлучи да ги реализира преку Македонија, истакна Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на договорот.

„ДМ Бау“ ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање со вкупна површина 35 000 метри квадратни. За оваа цел компанијата годинава купила 72 000 метри квадратни земјиште каде веќе се во тек подготвителни активности за инвестицијата.

-Ние сме швајцарска компанија која се фокусира на префабрикувани дрвени конструкции и мошне внимателно размислувавме за нашето проширување. Внимателно проверувавме неколку различни места и можности за тоа каде може да ја прошириме компанијата и конечно навистина сме среќни што Северна Македонија се појави како место што го избравме и мислам дека досега се течеше добро – дијалогот, отвореноста, пронаоѓањето решение. Тоа ни покажа дека нашата одлука беше вистинска. Затоа, навистина со нетрпение очекуваме да почнеме со нашиот процес тука и сигурни сме дека заедно со вас можеме да изградиме успешна компанија во Северна Македонија. Исто така сме и мошне горди што нашиот проект е во тек. Со нетрпение очекуваме да можеме да создадеме нови работни места, нови можности тука, во овој регион, како и да додадеме вредност кога станува збор за образованието и едуцирањето за префабрикувани конструкции, истакнаа од менаџерскиот тим.

„ДМ Бау Интернешнал“ е сопственост на лице со потекло од Македонија кое работи во Швајцарија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕК бара Црна Гора да им го одземе државјанството на лицата под санкции

Следно

Мицкоски: Организирана група на високи претставници на РЕК се сомничат за криминал од околу 6,5 милиони евра

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop