Владата на Газа го обвини Црвениот крст за двојни стандарди при испораката на телата на затворениците

February 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Владата во Појасот Газа ги осуди двојните стандарди што ги применува Меѓународниот комитет на Црвениот крст при испораката на телата на израелските и палестинските затвореници, известува Анадолу.

„Додека Црвениот крст одржува сериозни церемонии кога ги прима телата на израелските затвореници, телата на загинатите Палестинци се испорачуваат во сини вреќи и се фрлаат во камиони, лишени од најосновните елементи на човечкото достоинство“, наведе Исмаил ал-Севабите, директор на владината Канцеларија за медиуми во Газа, во објавата на својот профил на платформата X.

Посочувајќи на двојните стандарди што се спроведуваат, Севабите го истакна следното:

„Оваа бесрамна дискриминација во третманот ги одразува двојните стандарди и ја открива неспособноста на меѓународната заедница да обезбеди правда и правичност!“

Утрово Хамас на тимовите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст им ги предаде телата на четворицата заробени Израелци, кои загинаа во израелските напади врз Појасот Газа, како дел од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници.

За време на процесот на предавање, секое тело на израелските затвореници било ставено во посебни ковчези.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Следно

Турскиот Национален парк Абант Ѓолу прекриен во бело по најновите врнежи од снег

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop