Владата манипулира со јавниот долг – Растат процентите ама не и БДП

May 8, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов укажува дека темата за јавниот и државниот долг веќе подолго време е претворена во политичка игра, при што и сегашната влада, како и претходните, „претерува до крајности“. Според него, клучното прашање не е само колкав е долгот, туку и каде се вложени позајмените пари и дали тие инвестиции носат поврат.

„Пари се земени. Државата е задолжена – не презадолжена – но задолжена е и ќе враќа пари коишто ги вложила погрешно“, вели Узунов.

Тој посочува има честа манипулација со податоците, при што се зборува дека јавниот долг се намалил, додека државниот се зголемил – и обратно – без да се објасни суштината:

„Се игра со тоа – јавниот се намалил, државниот се зголемил… или обратно. А всушност, тие си префрлаат пари низ претпријатија и општини, отплатуваат кредити, па зависи која ставка се брои.

Во меѓувреме, Владата објави дека јавниот долг е намален за 36 милиони евра во првиот квартал од 2025 година, достигнувајќи ниво од 57,7% од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и премиерот Христијан Мицкоски изјавија дека ова е најниско ниво во последните пет години.

Сепак, државниот долг во истиот период е зголемен за 31 милион евра и сега изнесува 50,1% од БДП. Од Владата уверуваат дека стратегијата е до крајот на мандатот јавниот долг да се намали под 55%, а државниот под 45%, со целосно можно снижување и под 50%, односно 40%.

Проблемот, според професорот Узунов, е што таквите бројки често не се читаат во контекст, туку се користат за дневнополитички поени. Дополнителен проблем е и фактот што проекциите на БДП, врз кои се темелат процентите за јавен долг, се засноваат на претпоставки. Според последната достапна бројка од Државниот завод за статистика (четврти квартал од 2024), БДП бележи раст од 3,2%, додека Владата во пресметките користи проекција од 5%.

Најголем товар во првиот квартал беше исплатата на еврообврзницата од 500 милиони евра и други обврски по основ на надворешен долг од вкупно 679,4 милиони евра. Тоа значи дека голем дел од тековната задолженост оди за враќање стари долгови, без продуктивен ефект во економијата.

Во дефинициите, државниот долг го опфаќа задолжувањето на државата, јавните установи и општините, но не и јавните претпријатија. Јавниот долг, пак, ги вклучува и долговите на јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост – особено оние за кои е издадена државна гаранција.

Според Узунов, македонската држава не само што не инвестира продуктивно, туку и не презема мерки за долгорочна стабилизација.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

Следно

Трпчевска: Патот до Матка личи на швајцарско сирење – полн е со дупки! Туристите ни се смеат!

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop