Министерот Ристовски го поздрави обединувањето на македонското пливање

April 1, 2025
1 min read

Задоволство од надминување на повеќедецениските поделби во македонското пливање со денешниот едногласен избор на Сашо Лазаревски за нов претседател на Националната пливачка федерација, изрази министерот за спорт Борко Ристовски и најави подобри денови за овој спорт.

„По повеќедецениски поделби во македонското пливање, денеска можеме со гордост да кажеме дека конечно имаме обединување во интерес на спортот. На ова Собрание на Националната пливачка федерација, двете поделени страни застанаа зад изборот на претседателот на федерацијата кој доби едногласна поддршка од сите клубови учесници на Собранието“, истакна Ристовски во обраќањето на изборното Собрание на Националната пливачка федерација во Скопје.

Ристоски изрази задоволство од обединувањето на македонското пливање и најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.

„Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето и да го повторам тоа што го кажав на состаноците со претставниците од двете страни. А, тоа е дека по изборот на новиот претседател на Национална пливачка федерација, Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани во овој спорт и дека во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана. Не смееме да дозволиме поделбите да одат на штета на пливањето, на пливачите и на сите деца што се занимаваат со овој спорт“, рече министерот Ристовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Стуб: Финска планира да се откаже од договорот за нагазни мини

Следно

Владата ќе набавува 120 екоавтобуси

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и
Go toTop