Влада без ДУИ ќе ги комплицира работите, смета професорот Спасеновски

June 11, 2023
1 min read

Во однос на уставните измени, тој истакнува дека доколку се гледа технички, односно од внатрешниот аспект поврзан со уставниот поредок, тогаш нема никаков проблем кои било измени на Уставот и кои било амандмани да се усвојат на начин што ќе имаат одложена примена. Меѓутоа, тука е и политичкиот аспект или, како што посочува професорот, преземените меѓународни обврски на владата според кои уставните измени треба да се реализираат меѓу првата и втората меѓувладина конференција

Исклучување на ДУИ од Владата не е полезно за стабилноста и за полесно надминување на политичките предизвици, смета професорот по уставно право и политички систем, Александар Спасеновски, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според неговиот одговор на прашањето дали е можно формирање широка влада без ДУИ, тоа само ќе ги комплицира работите.

„Доколку јас се прашувам, сметам дека во услови на сериозни политички предизвици, какви што впрочем се евентуалната блокада, евентуалниот застој на европските интеграции, или лошите билатерални односи со Бугарија или променетата геополитика, сметам дека најмалку што ѝ е потребно на оваа држава е дополнително комплицирање на приликите и со нов внатрешно-политички проблем, како резултат на исклучување на една важна политичка партија од учество во власта во државата. Така што, од аспект на поводите за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на ДУИ можеме да најдеме причини, меѓутоа од аспект на тоа дали ваквото решение придонесува или одмага, мојот заклучок е дека тоа не е полезно за стабилноста на државата и за евентуално полесно и подобро надминување на политичките предизвици со коишто се соочуваме во моментов“,

вели професорот за РСЕ.

Спасеновски во интервјуто го изнесува својот став и за другото барање на ВМРО-ДПМНЕ – уставните измени да се усвојат сега, а да важат од моментот кога земјата ќе влезе во ЕУ.

Тој истакнува дека доколку се гледа технички, односно од внатрешниот аспект поврзан со уставниот поредок, тогаш нема никаков проблем кои било измени на Уставот и кои било амандмани да се усвојат на начин што ќе имаат одложена примена. Меѓутоа, тука е и политичкиот аспект.

„Од друга страна, секако тука оваа техничка реалност се надоврзува на една политичка ситуација, а таа се поврзува со преземените политички обврски на државата. Минатата година, кога практично и отпочна овој процес на динамизирање на европските интеграции, според кој државата презема обврска да ги заврши уставните измени меѓу првата и втората меѓувладина конференција. Значи, да заклучиме, од технички, од уставно-правен аспект не постои проблем кои било уставни измени, вклучувајќи ги овие, да имаат одложено дејство, одложена примена, меѓутоа тука се судруваме со реалноста на политиката, а тоа се преземените меѓународни обврски на владата според кои уставните измени треба да се реализираат меѓу првата и втората меѓувладина конференција“,

вели Спасеновски.

Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска уште еднаш е прогласена за татковина на среќата

Следно

НАТО бара нов шеф: Останува ли Столтенберг или на чело на Сојузот првпат ќе застане жена

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop