Вистината зошто можеш да доживееш оргазам без ејакулација и зошто тоа не е иста работа

October 9, 2025
1 min read

Веројатно цел живот сте мислеле дека овие две се исто, но според оние кои најмногу знаат за сексот, не е така едноставно.

Овие два процеса се одделни, иако и двата се поврзани со машкиот сексуален хормон тестостерон. Тој се произведува во тестисите, кои секојдневно создаваат милиони сперматозоиди.

Можеби ќе ве интересира: Исповед на несреќен маж: „Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

Тестостеронот придонесува за сексуална возбуда и желба, а низок нивои на тестостерон често предизвикуваат слаб сексуален нагон, еректилна дисфункција или неможност за доживување оргазам.

Можеби ќе ве интересира: Еве како да препознаете дали жената глуми оргазам

Но, ако сте во добра кондиција и полни со тестостерон, се покажува дека можете да доживеете оргазам без да има било каков исфрлен материјал.

Ејакулацијата е само еден чекор кој води кон оргазам на машките сексуални органи.

Научно објаснето, откако мажот е возбуден, пенисот се полни со крв, што предизвикува крвта да тече 50 пати побрзо од нормално, резултирајќи со ерекција.

Според „Men’s Health Clinic“, кога човек ќе достигне врвна возбуда — што се манифестира со зголемена мускулна тензија и забрзан пулс — телото е подготвено за оргазам.

Можеби ќе ве интересира:Науката потврди: Сексот е благотворен против појавата на депресија

Ова трае од неколку секунди до повеќе од две минути, а ејакулацијата обично се состои од брзи контракции на мускулите на пенисот, вклучувајќи ја и основата на анусот.

По ејакулацијата, пенисот ја губи ерекцијата, а мажот се чувствува релаксирано и му е потребен период за опоравување пред да може повторно да доживее ерекција, кој варира од 15 минути до 20 часа, во зависност од возраста.

Но, како е можно да се доживее оргазам без ејакулација?

Иако можеби ќе помислите на „едгинг“ или „гунинг“, постои и друг начин на кој мажите можат да искусат сексуално задоволство без да има излез на течност.

За некои мажи, нема ејакулација при оргазам, што се нарекува „сув оргазам“ („dry ejaculation“).

Процесот на ејакулација се контролира од една мала структура во долниот дел на ‘рбетниот мозок која регулира сексуален одговор.

Вистински, оргазам е чувството кое го имате при кулминацијата, додека ејакулацијата е процесот на исфрлање семенска течност од пенисот.

Телата се различни — некои мажи го доживуваат оргазам пред ејакулацијата, додека други мислат дека е обратно, а и двата случаја се сосема нормални.

Контракциите при ејакулацијата носат големо задоволство, но тие не се составен дел од оргазмот повеќе од тоа што стимулацијата на пенисот е дел од него.

Мажите можат да научат да ги одделат овие два процеса, и некои успеваат да доживеат повеќе оргазми без ејакулација, сè додека не одлучат да се предадат.

Очигледно, тоа бара многу вежба и може да вклучи и стимулација на простатата или други делови од телото, но самата појава дека оргазмот и ејакулацијата се две различни работи е доволна да ги збунува повеќето мажи.

Извор: Лад Бајбл

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: Стадионот „Петар Милошевски“ повторно со голем фудбалски настан

Следно

Мицкоски: Има политичари кои живеат ОД Македонија и граѓаните, а ние живееме ЗА државата и народот

Latest from Blog

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop