Високите температури ги уриваат рекордите низ Европа

January 4, 2023
1 min read

Високите температури овој јануари се рекордни во многу земји низ Европа, со соборени национални рекорди за највисоки температури во осум земји.

Европа оваа година бележи блага зима, дијаметрално спротивно на Северна Америка каде снежните бури во декември однесоа повеќе од 60 животи.

На европската страна на Атлантикот зимата е блага, барем на почетокот на годината.

Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија се највисоки за зимскиот период од почетокот на водењето евиденција во тие земји.

Во главниот град на Полска во неделата беа измерени 18,9 степени Целзиусови, а во Шпанија 25,1, што е повеќе од десет степени над просекот.

Температурата измерена во Варшава на 1 јануари била за 4 степени Целзиусови повисока од највисоката температура било кога измерена во декември, а во Белорусија се измерени 6,4 степени, за 4,5 степени повисока од претходниот рекорд.

Во Шпанија температурите измерени на новогодишната ноќ во Билбао беа еднакви на просечната температура во јули, а во Каталонија, вклучително и главниот град на таа покраина, Барселона, властите наредија штедење на водата.

Во Швајцарија температурите достигнаа 20 степени Целзиусови, а невообичаено топлото време негативно се одразува врз скијачката сезона на Алпите.

Сепак, не е топло насекаде во Европа – ниски температури и снег се предвидуваат во делови од Скандинавија, а Москва викендов ја очекуваат температури и до 20 степени под нулата.

Обединетото Кралство (Велика Британија), Ирска, Франција и Шпанија ја прогласија 2022 година за најтоплата година од почетокот на евидентирањето податоци за температурата.

Во Велика Британија секој месец минатата година беше потопол од просекот, со единствен исклучок беше декември кога снег имаше во многу делови од земјата, но и таму времето сега е поблаго и повлажно.

Топлотните бранови станаа почести и поинтензивни и траат подолго поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор.

Сепак, високите зимски температури го немаат истиот ефект како летните топлотни бранови, кои можат да предизвикаат зголемен број смртни случаи.

Планетата веќе се загреа за 1,1 степени Целзиусови споредбено со прединдустриската ера и температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не ги преземат неопходните чекори за намалување на емисиите на стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување, нагласува „Би-Би-Си“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Марихуана и нож пронајдени кај млад скопјанец во Градски парк

Следно

ДЗР: Заштитата на културното наследство во нашата држава не е доволно ефикасна

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop