Вишиот суд во Белград одбил уште една жалба на коалицијата „Србија против насилство“ за поништување на изборите

December 26, 2023
1 min read

Претходно, Градската изборна комисија се прогласила за ненадлежна и жалбата ја предала на Републичката изборна комисија

Вишиот суд во Белград отфрлил уште една жалба на коалицијата „Србија против насилството“ и со тоа го потврдил ставот на Градската изборна комисија дека не е надлежна да одлучува за поништување и повторување на парламентарните избори, пренесува српски Телеграф.

Како што истакнал и претседателот на ова тело, Зоран Лукиќ, Градската изборна комисија по повод на приговорот на коалицијата, која барала поништување на парламентарните избори на сите избирачки места, се прогласила за ненадлежна и жалбата ја предала на Републичката изборна комисија.

Против ваквата одлука на Градската изборна комисија е поднесена жалба, која Вишиот суд во Белград ја отфрлил како неоснована.

Републичката изборна комисија, пак, вчера донела решенија за спроведување на прегласувањето на избирачките места каде се поништило гласањето од парламентарните избори одржани на 17 декември.

Претходно РИК соопшти дека право на глас на повторените избори ќе имаат 12 240 гласачи и дека тие ќе се одржат на 28 места на 30 декември.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Малолетничка ги нападнала родителите во Кисела Вода

Следно

Во израелските напади на Појасот Газа се убиени повеќе од 20.600 Палестинци

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop