Висар Ганиу: Криминалот и корупцијата се на друга адреса!

October 12, 2023
1 min read

реклама

По соопштението од ДУИ, со реакција се јави и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу кој истакна дека криминалот и корупцијата се на друга адреса!

„Во врска со соопштението на ДУИ за нивната загриженост за наводните злоупотреби на јавните набавки, сакам да порачам дека очекувано е да ги ставите на тапет сите оние кои мислат поинаку, но тоа нема да ви помогне да си ги сокриете сите коруптивни скандали и гревовите кои ги направивте на албанскиот народ.

реклама

Исто така, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека апострофираната компанија Бауер БГ, од Владата на РСМ во актуелната 2023та година има добиено тендер во вредност од 6.5 милиони евра. Од Министерство за Образование и Наука истата компанија има добиено тендер во вредност од скоро 2 милиона евра, додека од Министерство за животна средина над 1 милион евра, од Агенцијата за храна и ветеринарство над 8 милиони евра, од Министерството за труд и социјална политика 2 милиони евра, севкупно околу 20 милиони евра.

Ние, како Општина Чаир најтранспарентно ги покануваме сите релевантни институции да го истражат овој случај, каде ќе се потврди дека и средствата во Општина Чаир се наменски доделени од Владата на РСМ, која како што може да се заклучи редовно склучувала договори со гореспоменатата компанија. Во овој дух, ние инсистираме истражувањето од компететните институции да продолжи и во сите други институции раководени од ДУИ, особено во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците со која раководи Артан Груби како и Државна Лотарија на РСМ со која што раководи десната рака на Артан Груби.

реклама

Може да заклучиме, ова ниво на паника докажува само едно нешто, дека ДУИ ќе изгуби во наредните избори и сите луѓе вмешани во валканиот коцкарски бизнис и другите скандалозни зделки кои беа обелоденети од медиумите во минатиот период ќе одговараат пред органите на правосудството“, вели Висар Ганиу.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен: „Во Израел дојдов и како Евреин“

Следно

Албанската опозиција со покана до АА – Таравари: Соработката не се прави преку телевизиски дебати

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop