Албанската опозиција со покана до АА – Таравари: Соработката не се прави преку телевизиски дебати

October 12, 2023
1 min read

реклама

Не престануваат поканите на албанската опозиција до Алијанса за Албанците да ја напуштат Владата и да се приклучат на опозицискиот фронт. Ова денеска го повтори потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, кој ја покани АА да ги здружи силите со Беса, Алтернатива и Демократското движење.

„Во 7-8 години играње на полето во опозицискиот дух, гласачот на опозицијата, на Алијанса, не заслужува да биде составен дел на влада на криминалот, дури и тие се свесни за тоа. Ќе чекам да го дадат својот одговор во врска со поканата што им ја упативме братски“, вели Фатмир Лимани.

реклама

Како одговор на ова, првиот човек на АА, Арбен Таравари, рече дека со повици од дистанца не се остваруваат соработки.

„АА е автономна и сериозна партија, одлуките ги носи во партиските структури, по анализите што ги прави и врз основа на волјата на членството. Во едно сум повеќе од сигурен, дека соработките не се прават со телевизиски дебати и јавни покани“, порача Арбен Таравари.

реклама

Претходно, првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити од собир во Гостивар и лидерот на Беса, Биљал Касами од телевизиска емисија, ја повикаа Алијанса за Албанците да се приклучи на опозицискиот фронт.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Висар Ганиу: Криминалот и корупцијата се на друга адреса!

Следно

Мизрахи: Директорите на Онкологија со тоа што молчат за неправилностите во ревизорскиот извештај за работа на Клиниката, ги потврдуваат истите

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop