Вини усно го прифатил новиот договор, па сега бара повеќе пари

December 2, 2025
1 min read

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор би можеле да продолжат со преговорите за продолжување на договорот дури следното лето. Минатиот мај беше објавено дека мадридскиот клуб е блиску до потпишување на нов договор со бразилскиот крилен напаѓач, но преговорите потоа застанаа. Според ESPN и денеска нема никаков напредок.

Еден извор тврди дека има некаков устен договор кој на играчот му нуди 20 милиони евра годишно, заедно со 10 милиони евра бонуси. Сепак, на хартија нема ставено ништо.

Реал Мадрид, од своја страна, потврди дека бил постигнат устен договор, но тој не бил спроведен, оставајќи го раководството со чувство дека претставниците на играчот не го одржале својот збор. Еден комплицирачки фактор во преговорите се бонусите што Килијан Мбапе ги доби по трансферот во Мадрид. Бразилецот сака да заработува исто како Французинот.

Тековниот договор на Винисиус е со важност до 2027 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До петок распишување на постапката за Луна паркот

Следно

Нормализиран сообраќајот на „Евзони“

Latest from Blog

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран

„Нашата војска на Блискиот Исток презема операција без преседан за да ја елиминира способноста на Иран да ги загрозува Американците“, изјави адмиралот на ЦЕНТКОМ, Бред Купер, во оперативниот извештај објавен на X.

Со шипка тргна на американски пилот- една реченица го спаси од можен линч (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалните мрежи покажува група мажи како му се приближуваат на пилотот и викаат, додека еден од нив зграпчува метална шипка. Се слуша како пилотот повторува: „Повлечи се. Стоп!“ додека
Go toTop