До петок распишување на постапката за Луна паркот

December 2, 2025
1 min read

Тендерската постапка за Луна паркот во Скопје ќе биде распишана до петок, потврди градоначалниот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

Градоначалникот се надева дека од следната година ќе се започне со реализација на овој проект и граѓаните конечно ќе го добијат долгоочекуваното катче за забава.

-Убеден сум дека Скопје конечно ќе добие Луна парк. Такво нешто нема, не само во Македонија, туку ни во регионот. Рокот е до јуни 2027 година, истакна Ѓорѓиевски.

Изградбата на Луна паркот беше едно од изборните ветувања на Ѓорѓиевски. Генерации деца пораснаа без вакво забавно катче, а Ѓорѓиевски вети нов, модерен Луна парк, наменет за сите генерации.

Простор кој нема да има само реквизити, туку ќе биде современ забавен центар со европски стандарди за безбедност, со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри и зони со виртуелна реалност.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОПАМЕТЕН ОД АЈНШТАЈН, дете со интелигенција IQ 260! ЈА НАПУШТИ НАУКАТА И ЗАМИНА ВО ОВА

Следно

Вини усно го прифатил новиот договор, па сега бара повеќе пари

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Скопје, 17 октомври 2026 – Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16
Go toTop