Вилдан Акбај – една од ретките жени мајстори за обработка на кожа во Туркије

January 3, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Фатма НУР ДУМАН

Вилдан Акбај, која го претвори кожарскиот занает во уметност, стана една од ретките жени што се занимаваат со кожарство во Туркије. Со кожарскиот занает почнала да се занимава откако еден кожарски занаетчија не сакал да ѝ изработи футрола за нејзиниот инструмент неј.

Работењето со кожа, една од најстарите ракотворби во историјата на човештвото, кое се сметало за занает и уметност низ историјата, познато е како поле што најмногу го претпочитаат мажите занаетчии поради тешката физичка работа во текот на производството.

Машките мајстори се во првите редови во процесите на обработка на кожата, штавењето и тешките производствени процеси, а женските мајстори генерално се занимаваат со естетските и дизајнерските аспекти на кожата, кои бараат префинета изработка.

Во последниве години зголемено е присуството на жените и во дизајнерскиот и во техничкиот дел на обработката на кожата. Рачната изработка на кожни производи опстојува и со традиционални методи и со современи техники. Оригиналните дизајни инспирирани од богатото наследство на различните култури се креирани од жените мајстори за кожа.

Вилдан Акбај, која изработува кожни производи шев по шев во својата работилница во историскиот Кувелоглу Хан во квартот Еминону во Истанбул, е горда што е една од ретките жени занаетчии за кожа во Туркије.

Околу осум години Акбај работи во секторот на кожа и дизајнира производи по нарачка, како што се чанти, паричници и ремени, а потоа ги праќа нарачките во различни области во Туркије и во странство.

– „Мојата приказна започна кога мајсторот одби да ми изработи футрола. Добро е што го стори тоа“

Раскажувајќи му на дописникот на АА дека мајсторот кај кој отишла да ѝ направи футрола за нејзиниот неј кога свирела на овој инструмент, ја одбил и не сакал да ѝ прави футрола, Вилдан Акбај истакна: „Имав голема потреба од футрола за мојот инструмент и решив сама да ја направам. Мојата приказна со кожарскиот занает започна кога си направив футрола за инструментот. Кога ја видоа другите музичари почнаа да бараат како мојата футрола за неј и јас станав кожар. Мојата приказна започна кога мајсторот одби да ми изработи футрола. Добро е што го стори тоа.“

Таа објаснува дека своите дизајни ги прави лично за секој муштерија и не работи за друг производител и дека не се откажува од исконските допири во нејзините модерни дизајни.

Акбај вели дека со љубов и возбуда создава многу дизајни, од футроли за бројници до футроли за инструменти, од дневни женски чанти до футроли за компјутер.

Осврнувајќи се на силата на жените што работат и произведуваат во кожарскиот сектор, Акбај рече: „Ние сме малцинство како жени кога станува збор за кожата. Кожарскиот занает е тежок, но дава големо задоволство. Всушност, се разликуваме од аспект на естетиката затоа што жените имаат поинаква перспектива. Се разбира, има одлични кожарски занаетчии, но дејствуваат со друга логика. Жените ги гледаат работите поинаку од мажите. Поради тоа жените прават малку поинаков пат во фазата на дизајнирање.“

Акбај истакна дека во денешно време бројот на мајстори што работат во областа на кожа е намален и имаат тешкотии да најдат чираци.

– „Човекот постои произведувајќи“

Зборувајќи дека ја сака својата работилница во историскиот Кувелоглу Хан во Еминону, дека таму ја започнала својата професија и дека местото каде што се наоѓа е нејзиниот извор на инспирација, Акбај рече:

„Секој треба да прави нешто, да произведува. Човекот постои произведувајќи. Ќе произведуваме, ќе трошиме и тоа ќе прави рамнотежа. Проблемот започнува кога трошиме без да произведуваме. Дури и да продавам лимони, би ги продавала со големо задоволство и убавина.“

Акбај рече дека кога почнала да се занимава со кожа била сама, немало никој зад неа и почнала да произведува само за да прави нешто, а нагласи дека работата што се прави треба да се работи со љубов.

Зборувајќи за тешкотиите при обработката на кожата, Акбај го истакна следново:

„Мажите на тоа гледаат поматематички, пологично и, секако, работата излегува беспрекорно. Ние жените на тоа гледаме поемотивно, од поинаков аспект и затоа излегува нешто сосема поинакво. Можеби не можеме да го направиме тоа толку беспрекорно како тие. Всушност, да се работи со кожа е тешко, потребна е машка сила, но можеби кога го вметнуваме емотивниот дел, производот на жената излегува поинаков. Ова го забележувам кај себе и кај другите жени уметници со кожа. Со други зборови, веднаш станува очигледно дека тоа го направила жена.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Убиени 11 Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Следно

Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција, Бербок и Баро во посета на Сирија

Latest from Blog

Двомесечна забрана за движење во шумите, строги казни за секој оган на отворено

Од 1 јули до 31 август ќе важи целосна забрана за движење во шумите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) предупредува дека високите температури го претвораат секое искра во потенцијален огнен

Бугарија преминува на евро

Бугарија вчера доби зелено светло од лидерите на Европската унија да го усвои еврото од 1 јануари 2026 година. Лидерите, собрани на Самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската

Масовен украински напад со дронови во Русија

Сообраќајот на мостот над реката Дон во областа Калачевски во рускиот Волгоградски регион е привремено ограничен за расчистување на остатоците од „масивниот“ украински напад со дронови, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер утрово.

Двоцифрен пораст на странски посетители, се очекува до крајот на годинава нивниот број да достигне околу 1,5 милиони

Државата бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители. Најновите податоци покажуваат 21.6 проценти раст во првата половина од оваа година, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи

Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал Наср

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (40) официјално го продолжи договорот со Ал Наср. Саудискиот клуб тоа го потврди со видео во кое португалскиот играч едноставно кажа: „Ал Наср засекогаш.“ Иако Роналдо потпиша нов
Go toTop