Викендов почнува зимското сметање на времето

October 24, 2025
1 min read

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брижит Бардо демантира лажни вести: Не знам кој идиот напишал дека сум мртва

Следно

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски разговори со Канада, користеле лажна реклама

Latest from Blog

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време

Арсенал се вклучува во трката за талентот на Јувентус, цената е над 100 милиони евра

Англискиот гигант Арсенал е подготвен да му се придружи на Реал Мадрид во трката за потпишување на талентот на Јувентус, Кенан Јилдиз во јануарскиот преоден рок. Интересот на „топџиите“ е поттикнат од

Трагедија на Тенерифе: Големи бранови повлекоа посетители, три лица загинаа

Во неделата попладне, на северозападниот брег на Тенерифе, голем бран ги повлече купачите во морето во популарните природни базени кај Лос Гигантес. Три лица загинаа, тројца се повредени, а за уште една

Најголемите гурмани во зодијакот: Кои знаци навистина уживаат во храната?

Додека некои се задоволуваат со брз залак, за други храната е вистинска уметност и едно од најголемите задоволства во животот. Астрологијата открива дека склоноста кон хедонизам и гурмански искуства може да биде

ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА УТРОВО Возачите чекаат до 40 минути на Табановце и на Дојран

Долги колони возила повторно ја забавуваат динамиката на патувањето утрово, откако на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ се регистрира зголемени задржувања. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на
Go toTop