Виенската палата Шонбрун: Една од најимпресивните барокни архитектонски градби во Европа

March 17, 2024
1 min read

ВИЕНА (АА) – АЈШЕ ХУМЕЈРА АКЃУН –

Првобитно изградена како ловечки замок со огромен парк, палатата Шонбрун е надградена до сегашната големина во средината на 18. век и беше летна и главна резиденција на царското семејство и дворјаните, пишува Анадолу.

„Schloss Schonbrunn“ (Палатата Шонбрун), летната палата на Хабсбуршката династија, која со векови владееше со различни европски земји, секоја година е домаќин на стотици илјади посетители како една од важните атракции на Виена.

Палатата, чија изградба е започната во 1743 година, и паркот во кој се наоѓа го привлекуваат вниманието на љубителите на уметноста и историјата како една од највпечатливите барокни архитектонски градби во Европа.

Секој салон, секоја сала на замокот ги раскажува приказните за неговата историја – за атмосферата, начинот на живот и погледите на светот од царската ера.

Царот Максимилијан II во 1569 година дал наредба да се изгради кралска ловечка куќа во поплавената долина на реката Виен, чие оградено ловно подрачје било полно со фазани, патки, елени и диви свињи, но и со егзотични птици како што се пауните.

Во текот на следниот век ова подрачје било познато под името Шонбрун, по артешкиот бунар од кој се црпела вода за замокот.

Ова ловно подрачје особено го сакала втората сопруга на Фердинанд II, Елеонора Гонзага, која поминувала многу време ловејќи таму. Таа додала оранжерија и палата во ловечкото подрачје, која се градела од 1638 до 1643 година.

Палатата, која со својата архитектура и дизајн ја симболизира моќта и влијанието на Хабсбуршката династија врз европската историја, подоцна целосно функционира како летна резиденција на царството.

Во палатата, која има вкупно 1.441 соба, за посетителите се отворени само 45 соби и делови од градината.

Палатата е целосно уништена за време на Втората опсада на Виена во 1683 година.

Дури од 1743 година, за време на владеењето на царицата Марија Терезија, со проектите на архитектите Николаус Пакаси и Јохан Фердинанд Хецендорф фон Хоенберг, го добила денешниот изглед.

Градините со Глориета, фонтаната на Нептун и римските урнатини исто така се преобликувани во овој период.

Палатата, заедно со градината околу неа, во 1996 година се вклучени во листата на УНЕСКО за светско наследство во Европа.

Кон крајот на 19. век, во непосредна близина на зоолошката градина изградена е импресивна куќа за палми од стакло и железо.

Волфганг Амадеус Моцарт го има одржано својот прв концерт во Салата на огледалата на палатата Шонбрун кога имал само шест години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои имиња за девојчиња се најпопуларни во Европа: Ова име е изборот за Македонија

Следно

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Latest from Blog

Осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун пронајден мртов

Осомничениот за масовното пукање минатиот викенд на Универзитетот Браун е мртов, изјави американски адвокат, додека властите истражуваат дали истото лице го убил професорот на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) два дена по

Терјаки лосос

Состојки (за 1 лице): 200 грама свеж лосос Маринада: 1 лажичка сусамово масло 1 лажичка кафеав шеќер 2 лажици соја сос 1 лажичка оризов оцет 1 чешне лук (рендан) 1 лажичка рендан

Мицкоски: Националната стратегија за развој е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и држава

Интегрален текст од обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Нац. стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030 „Денес не промовираме само еден стратешки документ. Денес ја потврдуваме нашата решителност да

Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович мора веднаш да го исполни своето ветување да искористи 2.500.000.000 фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи за
Go toTop