(ВИДЕО) Зеленски се врати од Турција со заробените команданти од „Азовстал“, тие ветуваат враќање на бојното поле

July 9, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека од Турција се враќа со петте воени команданти на „Азовстал“ кои беа заробени од руската војска пред повеќе од една година. Тие беа свечено пречекани дома, а дел од борците на прес-конференција зборуваа за своите искуства во Турција.

„Сакам да му се заблагодарам на господинот претседател, неговиот тим, одбранбените сили и секој војник што ја бранеше нашата татковина и продолжи да се бори против окупаторите на првите линии додека бевме заробени. Ова е огромен придонес за нашата независност и борбата за нашата земја“

рече Денис Прокопенско, командант на Азовскиот полк.

Како што пренесува Си-ен-ен, војниците споделиле и дека нивниот мотив за истрајност е што украинската армија ја презеде стратегиската иницијатива на линијата на фронтот и оди напред секој ден. Најавија враќање на бојното поле.

„Ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа. Ние сме воени лица. Положивме заклетва“,

рече заменик-командантот Свјатослав Паламар.

По одлуката за враќањето на командантите во Украина, реагираше Русија со осуда на овој чин бидејќи, според договорот за размена на затвореници, заробените команданти во Турција требаше да останат до крајот на војната.

Враќањето на лидерот на „Азов“ од Турција во Украина не е ништо друго туку директно прекршување на условите на постоечките договори“,

изјави за РИА новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фабриката „Азовстал“ беше последниот бастион на украинската одбрана во пристанишниот град, кој на крајот падна во рацете на Русија во мај 2022 година. Со посредство на Анкара, заробените команданти во септември лани беа ослободени и однесени во Турција.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шпанскиот фудбал завиен во црно: Почина Луис Суарез (ФОТО)

Следно

БиХ: Посмртните останки на 30 жртви од Сребреница со солзи и молитви испратени од Високо

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop