(ВИДЕО) Во Москва голем концерт пред годишнината од војната, свое обраќање ќе има Путин

February 22, 2023
1 min read

Како што објави Би-би-си, на руските телеграм-канали се појавија фотографии од реклами кои на потенцијалните посетители на концертот им ветуваат 500 рубли (нешто помалку од 7 американски долари)

Илјадници граѓани се собраа на стадионот „Лужники“ во Москва на концерт посветен на Денот на бранителот на татковината, кој некои го протолкуваа како прослава на една година од почетокот на војната во Украина. Инаку, тоа е празник кој се слави од 1993 година за одбележување на денот на првото масовно регрутирање во Црвената армија во Петербург и Москва на 23 февруари 1918 година, како и на првата борбена акција против окупаторската армија на Германија во Втората светска војна.

Руски и белоруски музичари ќе настапат на овогодинешната прослава, која се одржува во екот на војната во Украина.

Руските медиуми објавуваат снимки и фотографии на кои се гледа како маси луѓе се слеваат кон стадионот на кој се играше финалето на Светското првенство во 2018 година, а некои од нив се облечени во воени униформи со ознаки „З“ поврзани со руските војници.

Со цел да се обезбеди добра посетеност на концертот, во Москва пристигнаа голем број автобуси од другите делови на Русија. Оваа практика е доста вообичаена за големите „патриотски“ собири во Русија. Како што објави Би-би-си, на руските телеграм-канали се појавија фотографии од реклами кои на потенцијалните посетители на концертот им ветуваат 500 рубли (нешто помалку од 7 американски долари).

Некои огласи се директно упатени до студентите. Сите студенти што сакаат да дојдат на концертот не мора да посетуваат предавања цел ден, стои во една реклама. Во друга, на студентите што доаѓаат на концертот во Москва им се ветуваат „бесплатна храна и подароци“. Би-би-си објави дека еден постер кој го рекламира концертот им забранува на посетителите да носат жолто или сино – боите на украинското знаме.

Противниците на рускиот претседател Путин наведуваат дека ова е концерт за поддршка на руската армија во војната во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Акција за чистење на Злокуќани во општина Карпош

Следно

Речиси милион барања за азил во ЕУ минатата година

Latest from Blog

Израелскиот министер Смотрич се закани со соборување на Владата ако Газа не се окупира

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, денес се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку армијата не го окупира Појасот

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и
Go toTop