[Видео] Урсула фон дер Лајен кажа дека на уставните измени „треба да се работи“, а не дека тие „треба да се разработат“

October 25, 2024
1 min read

Да не се разбереме погрешно. Би било одлично „дипломатската офанзива“ на Мицкоски и Владата да вроди со плод и ЕУ да се согласи на уставни измени со одложено дејство. Сепак, таква промена нема да се постигне со непрецизни преводи, кои се користат за манипулирање на јавноста.

Пишува: Петрит САРАЧИНИ*

“…The constitutional change has to be worked on”, е дел од одговорот на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, на новинарското прашање дали за ЕУ се прифатливи уставни измени со одложено дејство, поставено до неа на прес конференцијата со премиерот Мицкоски вчера во Владата.

Точниот превод на овој дел од одговорот би бил „на уставната измена треба да се работи“. Но, преведувачката на прес конференцијата, преведувајќи го овој дел од одговорот на фон дер Лејен, кажа: „уставните промени треба да се разработат“. Токму овој непрецизен превод беше пренесен од повеќе медиуми.

Одредени медиуми се обидоа од овој непрецизен превод да изградат теза дека „дипломатската офанзива на Мицкоски даде резултат“, и дека „ЕУ се согласи уставните измени да се разработат“. Оваа теза, на пример, е содржана во насловот на вчерашната колумна на Бранко Героски во Плусинфо.

„Едно е да се нареди уставните промени да се усвојат, а друго е да се каже дека уставните промени треба да се разработат. Фон дер Лајен во Скопје соопшти нова нијанса во позицијата на Европската комисија за ова прашање… Инаку, за да нема дилема, да го кажам и тоа дека преведениот глагол „разработат“ прилично прецизно одговара на „to be worked on“, како што се изрази Фон дер Лајен на англиски јазик. Тоа значи дека на уставните промени допрва ќе се работи и дека финалниот предлог мора да биде прифатлив и за Македонија, а не само за Бугарија и за ЕУ“, пишува меѓу другото Героски во неговата колумна.

Сепак, ако добро се преслушаат вчерашните изјави на фон дер Лајен, таа никаде не навестува промена на позициите на Брисел за спроведувањето на уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ и отворање на првите поглавја. Освен тоа, ако ја проверите фразата „да се разработат“ на онлајн алатките за преведување, ќе добиете резултат „to be worked out”, а не „to be worked on” – како што рече фон дер Лајен.

Тоа што е јасно е дека уставните измени со одложено дејство се позиција на која инсистира премиерот Мицкоски и неговата Влада, но досега од Брисел и од највисоките претставници во ЕУ нема никаква официјална ниту пак индиректна потврда дека уставните измени со одложено дејство се нешто на што се согласила ЕУ и нејзините земји-членки.

Да не се разбереме погрешно. Би било одлично „дипломатската офанзива“ на Мицкоски и Владата да вроди со плод и ЕУ да се согласи на уставни измени со одложено дејство. Сепак, таква промена нема да се постигне со непрецизни преводи, кои се користат за манипулирање на јавноста.

*Петрит Сарачини е претседател на Институтот за медиуми и аналитика

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес од 4 степени ја стресе Албанија

Следно

Функционерите на Вреди со различни изјави за тоа дали треба да се ратификува договорот за патот Тетово-Призрен

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави
Go toTop