Функционерите на Вреди со различни изјави за тоа дали треба да се ратификува договорот за патот Тетово-Призрен

October 25, 2024
1 min read

Првиот што рече дека Договорот меѓу Македонија и Косово за патот Тетово-Призрен треба да помине и во Собрание, беше градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, дел од коалицијата ВРЕДИ, во август оваа година.

„Собранието беше на летен одмор и верувам дека од моментот кога ќе се вратат пратениците ќе продолжи постапката за ратификација на договорот во Собрание“, вели Биљал Касами.

Но по една недела, на 4 септември, ова го демантираше заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.

-Премиерот на Косово Курти објави дека таму во тој дел започнати се работите а кај нас не е се уште поминат договорот во Собрание, или тендерската постапка…

„Не треба да помине во Собрание. Нема потреба…“, вели Калтрина Зеколи Шаќири.

-Кажа г. Касами…

„Нема да помине во Собрание“, додаде Калтрина Зеколи Шаќири.

Еден месец по оваа изјава, повторно истиот одговор како тој на Касами. Заменик директорот на ЈП Државни патишта Назим Таипи рече дека треба да се ратификува во Собрание.

„Се зборуваше за ратификација на Договорот во Собрание, во тој аспект на процедурите, дали е завршено тоа? Бидејќи имаше разни изјави во Собрание кои создадоа конфузија и не можеш да разбереш…“

„Тоа треба да помине во Собрание и нормално се чека да се ратификува во Собрание…“

Го прашавме повторно Касами, но денеска беше резервиран за да даде конкретен одговор.

„Денеска имам состанок со Министерот за транспорт, уште еднаш ќе повторам, немам детални информации бидејќи беше одговорност на Владата. Денеска имам состанок со Министерот за транспорт, ќе обезбедам поконкретни информации до каде се постапките“, вели Биљал Касами.

Екс зм.министерот за транспорт, кој го потпишал договорот со Косово, Беким Реџепи, овие споротивставени изјави на функционерите ги нарекува „пародиски гафови“ и додава дека Договорот е од таква природа и поради тоа нема потреба од ратификација во Собрание.

„Потпишаниот договор одредува тунелот кој се наоѓа на граничната линија да се кофинансира со косовската страна. Што се однесува до другиот дел од трасата, од почетокот до крајот на тунелот од Северна Македонија, треба само да почне да се проектира и изгради. Ние во тој правец, нелегитимната Влада има застој поради тоа што и во владината програма не се предвидува никаков проект за реализирање на проектите кои ги почнавме во албанските краеви“, вели Беким Реџепи.

А актуелниот министер за транспорт, Александар Николовски, рече дека за овој пат, освен потпишениот договор, сликањето и дадените изјави, минатата влада не направила ништо за магистралата Тетово – Призрен,

Николовски уверува дека патот Тетово-Призрен ќе се гради и дека работат на тоа.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

[Видео] Урсула фон дер Лајен кажа дека на уставните измени „треба да се работи“, а не дека тие „треба да се разработат“

Следно

Путин: Постојат различни начини за испорака на рускиот гас во Европа

Latest from Blog

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент
Go toTop