(ВИДЕО) Сомалија ја има најбавната „атлетичарка“ – ја испратиле на игрите зашто е внука на претседателката на федерацијата?

August 3, 2023
1 min read

Министерот за спорт ѝ се извини на јавноста и рече дека ова е срам, а од Министерството соопштија дека ја суспендирале претседателката на атлетската федерација и најавија истрага

Видео од настапот на 20-годишна натпреварувачка од Сомалија на Светските универзитетски игри во Кина е хит на интернет поради бавното и непрофесионално трчање.

Станува збор за „атлетичарката“ Насра Али Абукар која ја претставуваше државата на трка на 100 метри иако не е професионална спортистка и трчаше како и секој обичен рекреативец. Патеката ја помина за дури 21,81 секунди, што е речиси двојно повеќе од девојката што победи, а дури осум секунди подолго од „атлетичарката“ која се пласираше како претпоследна.

За срамот на Сомалија да биде уште поголем, се воспостави дека во прашање е скандал поврзан со непотизам.

Имено, според пишувања на медиумите, натпреварувачката Насра Али Абукар е внука на претседателката на атлетската федерација на Сомалија, Кадиџо Адех Дахир.

Ова беше откриено откако јавноста во Сомалија бурно реагираше и бараше оставки во Министерството за млади и спорт, а Асоцијацијата на сомалиските универзитети соопшти дека таа не назначила ниту еден спортист да се натпреварува на настанот.

Се огласи и лично министерот за спорт Мохамед Баре Мохамуд кој го опиша настанот како срам.

„Она што се случи не беше претставување на сомалискиот народ, му се извинуваме на сомалискиот народ“,

рече министерот.

Министерството најави истрага, а по состанокот со Националниот олимписки комитет, соопшти дека ја суспендира претседателката на атлетската федерација поради непотизам и злоупотреба на моќта иако во официјалното соопштение не е наведена конкретната роднинска врска.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајфунот Доксури усмрти 53 лица на Филипини, раселени се речиси 290.000 лица

Следно

Познати сите осминафиналисти СП за фудбалерки

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop