(ВИДЕО) Шумски пожар во близина за турскиот град Бодрум, се гаси и од воздух и од земја

July 14, 2023
1 min read

Пожарот од непозната причина избувнал во шумскиот предел на раскрсницата што води кон аеродромот

Шумски пожар избувна во областа во близина на меѓународниот аеродром Милас-Бодрум, во југозападниот дел на Турција.

Како што пренесуваат турските медиуми во тек се воздушни и копнени интервенции со цел пожарот да се стави под контрола. Регионалната управа за шумарство „Мугла“ има испратено екипи за брза контрола и гаснење на пожарот.

Пожарот од непозната причина избувнал во шумскиот предел на раскрсницата што води кон аеродромот. Противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром во Бодрум, каде што над огнот кој ја зафатил вегетацијата се извива густ чад.

За гаснењето на пожарот активирани биле девет хеликоптери и исто толку авиони на Подрачното шумско стопанство „Мугла“, 35 цистерни за вода, четири дозери, а на терен се и над 300 лица кои го гаснат пожарот од копно.

Како што пренесуваат медиумите, шумски пожари имало во местата Урла во Измир, Мугла кај Бодрум, Дурсунбеј во Баликесир и Дулкадироглу во Кахраманмараш. Под контрола се ставени пожарите во Урла, Бодрум, Дурсунбеј и Дулкадироглу.

Во гаснењето на пожарот, во вечерните часови, интервенирал и хеликоптер оспособен за ноќно летање.

Локалните власти во Мугла велат дека постарите граѓани се евакуирани како мерка на претпазливост за да не бидат зафатени од чадот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(АНАЛИЗА) Стрелај, па прашај – како „Црно семе“ и „Црнила“ ја разоткрија општата (не)писменост

Следно

Голем пожар вечерва во Сарај

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop