(ВИДЕО) Седумгодишно девојче тешко повредено во пукање во централен Лондон 

January 14, 2023
1 min read

Кај девојчето биле констатирани животнозагрозувачки повреди, а според соопштението на лондонската метрополитен полиција во пукањето е повредено уште едно девојче на 12-годишната возраст, како и четири жени на возраст од 21, 41, 48 и 54 години

Седумгодишно девојче e тешко повредено во пукање што денеска попладне се случило во близина на црква во центарот на Лондон, пренесува Би-би-си. 

Полициски екипи вршат увид на местото на пукањето во централен Лондон/Фото: Принтскрин

Кај девојчето се констатирани животнозагрозувачки повреди, а според соопштението на лондонската метрополитен полиција во пукањето е повредено уште едно девојче на 12-годишната возраст, како и четири жени на возраст од 21, 41, 48 и 54 години. 

Полицијата, како што наведува британскиот национален сервис, околу 13:30 часот одговорила на пријава за истрели од возило во движење во близина на црква во која во тоа време се одржувал погреб. 

Сериозни повреди биле констатирани и кај 48-годишната жена, додека состојбата на жената на возраст од 21 година засега не е позната. 

Претставник на полицијата изјави дека другите две жени не се во животна опасност и дека на 12-годишното девојче му е укажана лекарска помош поради полесна повреда на ногата.  

Седумгодишното девојче околу 14:05 часот било пренесено во болница во централен Лондон и „останува во болница во животнозагрозувачка состојба“. 

Од полицијата соопштија дека во тек е „итна истрага“, но повеќе детали за инцидентот сe уште не се соопштуваат. 

„Во оваа рана фаза, нема уапсени лица“,

се вели во соопштението на лондонската полиција. 

 Полициските инспектори побарале сите кои поседуваат снимки од настанот да контактираат со надлежните, а се прегледуваат и снимките од безбедносните камери во Лондон. Поради пукањето затворени се и улици во центарот на градот додека трае истрагата. 

Началникот на лондонската метрополитен полиција, Ед Велс изјави дека секој инцидент во кој се користи огнено оружје е неприфатлив, а тоа што две деца се повредени среде саботно попладне е шокантно. 

„Нашите мисли се со сите жртви, но особено со седумгодишното девојче. Истрагата за овој страшен напад е веќе во тек. Можам да ги уверам заедниците на Камден и пошироко дека ќе направиме се што можеме за да ги идентификуваме и изведеме пред лицето на правдата оние кои се одговорни“,

изјави Велс, пренесува Би-би-си. 

 Тој додаде дека ќе има „засилено полициско присуство во областа во текот на викендот и во наредните денови“. 

Полициски службеници го обезбедуваат местото на настанот/Фото: Принтскрин

Луѓето, кои во тој момент биле во католичката црква биле евакуирани преку страничниот влез. 

Градоначалникот на Лондон Садик Кан го опиша пукањето како „длабоко вознемирувачко“. 

Тој рече дека полициската истрага е во тек, додавајќи дека е во постојан контакт со полицијата за да утврди што се случило.  
 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Македонија ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство, еве што предвидува новиот закон 

Следно

Играчи на Сити и Јунајтед, плус Гвардиола си размениле жестоки зборови

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop