(ВИДЕО) Се урна врв на планина во Австрија, камерите ја снимија катастрофата

June 15, 2023
1 min read

Низ социјалните мрежи се проширија видеа од местото на настанот, моментот откако се „откина“ врвот на планината, како и видеа од последиците што ги остави оваа појава

Дел од планинскиот врв во австриската провинција Тирол се урна, испраќајќи над 100 000 кубни метри карпи во долината долу и предизвикувајќи масивни лизгања на земјиштето.

Карпите почнаа да паѓаат од Флуторн, планина висока речиси 3 400 метри во Алпите Силврета на швајцарско-австриската граница, во неделата, во инцидент за кој геолозите велат дека бил предизвикан од топењето на вечниот мраз, пренесува Си-ен-ен.

Низ социјалните мрежи се проширија видеа од местото на настанот, моментот откако се „откина“ врвот на планината, како и видеа од последиците што ги остави оваа појава.

Во одронот на карпата нема повредени, се вели во извештајот на локалната полиција.

Во извидувачки лет над погодената област, државните геолози направија првични проценки за количеството на карпи, но рекоа дека можеби се конзервативни бидејќи ќе биде потребно време за да се добие попрецизна слика.

„Ова е релативно голем инцидент, зборуваме за најмалку 100 000 кубни метри карпа што паднала, веројатно повеќе од тоа“,

рече Томас Фигл, државен геолог.

Геолозите колапсот го припишуваат на топењето на вечниот мраз, долго замрзнат слој почва и карпи. Најчесто поврзан со арктичките региони, вечниот мраз исто така се наоѓа високо во европските Алпи.

„Можеме да бидеме релативно сигурни за причината за овој инцидент: вечниот мраз. Мразот е лепилото на планините и тој мраз се топи подолг временски период поради климатските промени. Тоа потоа ги предизвикува резултатите што ги гледаме овде“,

рече Фигл.

Кога се топи вечниот мраз, тоа може да има дестабилизирачки ефект, рече Марсија Филипс, шеф на истражувачката група за вечен мраз во Институтот за истражување на снег и лавини ВСЛ во Швајцарија.

„Водата може да навлезе длабоко во карпестата маса преку новоотворените пукнатини, кои претходно беа блокирани од вечниот мраз“,

изјави таа за Си-ен-ен, објаснувајќи дека тоа може да предизвика пукање на карпите.

Нема доволно податоци за да се потврди дали паѓањето на карпите се зголемило во последниве години бидејќи обично само големите настани се добро документирани, додаде Филипс.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот на 12 јули, но не можам да гарантирам

Следно

Милевски: За добар резултат против Украина ќе мора да биде на повисоко ниво од нашето

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop