[Видео] СДСМ: Скандалозни помилувања на претседателката Сиљановска Давкова

October 23, 2024
1 min read

„Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова., Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога“, истакна денеска на прес конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

За СДСМ најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки.

„За дел од помилуваните има основани индиции дека се вмешани и во други кривични дела и криминални пресметки, како што беше пукањето во Чаир“, посочи Кузеска.

Помилувани се и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски кој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

„Со овие скандалозни одлуки Давкова застана во заштита на криминалците и нарко клановите. Ова е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции“, нагласи на прес конференцијта портпаролката на СДСМ.

Од таму потенцираат дека сето ова се случува во време кога се загрозува безбедносниот систем и со партизација на Агенцијата за национална безбедност.

„Осудени криминалци треба да се соочат со правдата а не да шетаат слободно и да хараат по улиците. Во услови кога на улиците има зголемени криминални пресметки, овие помилувања дополнително ќе ги охрабрат криминалците со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните“, сметаат од опозициската партија.

Со ова помилување, укажуваат од партијата, Давкова го поткопува владеењето на правото и даваат сигнал дека секој што е под заштита на власта може да прави што сака.

„Клучното прашање е зошто Давкова ја носи оваа скандалозна одлука? Дали власта има дил со криминалните структури кои се ставаат во нивна служба на овој начин? Ова е скандал од огромни размери и со сериозни последици за безбедноста на граѓаните“, оценуваат од СДСМ.

СДСМ бара претседателката Силјановска Давкова веднаш да ја повлече скандалозната одлука.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Сајкоски положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

Следно

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“

Latest from Blog

Николоски за автопатот Кичево – Охрид: Асфалтираме и во зима, автопатот ќе биде готов до крајот на 2026 година

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од Врбјани до Охрид,  а до крај на 2026 година како што ветивме

Николоски: Промовираме зимско асфалтирање на автопатот Кичево-Охрид, до крај на 2026 ќе го изградиме целиот автопат

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме

Украина тврди дека синоќа соборила 50 руски дронови

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина денес соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 50 руски дронови лансирани над земјата во синоќешните напади, пренесува Анадолу. Во соопштението на Украинските воздухопловни сили се тврди дека во
Go toTop