(ВИДЕО) Пукање во Флорида: Отвориле оган од автомобил, застрелале десет луѓе на улица

January 31, 2023
1 min read

Полицајците пронашле три лица кои биле застрелани и ги однеле во болница, додека седум жртви со приватен автомобил биле пренесени во клиниките

Напаѓачи вчера попладне пукале од автомобил во случајни минувачи на Флорида и застрелале десет луѓе. Инцидентот се случил во градот Лејкленд околу 15:43 часот, а две жртви се во критична состојба.

Од полицијата велат дека напаѓачите во еден момент ги спуштиле сите четири стакла од темносиното возило и отвориле оган. Тие пукале во луѓе од двете страни на улицата. Полицајците пронашле три лица кои биле застрелани и ги однеле во болница, додека седум жртви со приватен автомобил биле пренесени во клиниките.

„Имаме причина да веруваме дека се работи за целен напад“,

изјави шефот на локалната полициска станица Сем Тејлор, додавајќи дека жртви на нападот биле мажи на возраст меѓу 20 и 35 години, пишува Ен-би-си њуз.

Тој додаде дека две лица се во критична состојба, едното е застрелано во пределот на стомакот, а другото во лицето и вилицата, а останатите осум се со повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата врши увид. Засега не е познат мотивот за нападот.

Лејкленд се наоѓа источно од Тампа и има население од околу 112 000 жители.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вчера 134 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка

Следно

ММФ ги зголеми изгледите за глобалниот раст за годинава

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop