(ВИДЕО) Пригожин тврди дека го заврзеле Бахмут, украинската војска вели дека се водат жестоки борби

May 20, 2023
1 min read

Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека таа на 25 мај ќе ја предаде контролата врз украинскиот град Бахмут на руската армија, пренесоа светските агенции.

„До 25 мај ние целосно ќе го пребарaме градот, ќе создадаме одбранбени позиции и ќе го предадаме на војската да се грижи за него“, рече Пригожин во видеото што неговата прес-служба го објави на каналот Телеграм.

„Ние ќе се вратиме во базите“, додаде тој.

Претходно денеска Пригожин изјави дека неговите сили целосно ја презеле контролата над градот. После тоа, украинската армија го демантираше „Вагнер“ дека го зазела целосно градот. Портпаролот на украинската војска Серхи Шереваџи за Ројтерс изјави дека тоа не е вистина и дека „украинските трупи се уште се борат во Бахмут“. Заменик министерот за одбрана рече дека се водат жестоки борби и дека ситуацијата е критична.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шефот на групата Вагнер, Пригожин, тврди дека ја презеле контролата над украинскиот град Бахмут

Следно

Жорди Алба ја напушта Барселона

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop