ВИДЕО: Пензионерите протестираа пред Влада – се бара линеарно зголемување на пензиите

September 20, 2023
1 min read

реклама



Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, воопшто не сака да разговара за нашето барање – линеарно покачување од 3500 денари на секој пензионер, истакнаа претставниците на пензионерите кои во текот на денешниот протест беа примени во Владата на разговор со Тренчевска.

Пензионери од повеќе градови од државава денеска на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, протестираа пред зградата на Владата.

реклама

Координаторот на иницијативниот одбор на ниво на држава, Драган Огненовски, на протестот истакна дека нивното главно барање е линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите.

  • Бевме примени внатре, ги дадовме нашите ставови, она што го бараме од порано, истите ставови ги повторивме. Баравме резултати од нивната работна група која работи и бараме да се приклучат двајца членови од нашиот иницијативен одбор околу работата на работната група, нагласи Огненовски.

Тој истакна дека наскоро претставниците од Влада ќе излезат во јавност со одлуките што ќе ги донесат, после што пензионерите ќе одлучат дали се задоволни од одлуките. Доколку не се задоволни, ќе продолжат со протести.

реклама

  • Им дадовме рок од седум дена да излезат со мерките кои се преземени. После седумте дена ќе почнеме ние понатаму порадикално. Ќе мируваме, ќе чекаме, после тоа ќе се состане координативното тело на сите здруженија и таму ќе се договориме што понатаму, најави Огненовски.

Пензионерите не се задоволни од методологијата со која се пресметуваат пензиите. Тие истакнаа дека таа е сосема погрешна.

  • Методологијата е според процентот од трошоците, значи од потрошувачката кошница, и од просечната плата, истакнаа тие и потенцираа дека потрошувачката кошница за сите е иста и за платите на функционерите и за минималните пензии.

Барањето на пензионерите, како што истакнаа, не е шест отсто, ниту 80 отсто од минималната плата, туку 18 000 денари, односно линеарно покачување од 3500 денари, да се смени методологијата и да нема проценти.

реклама

  • Понатаму ќе одиме со други барања, членарината да се укине, потоа здравството, погребалното и многу други работи, нагласија пензионерите.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азербејџанската армија презеде контрола на над 90 воени позиции на ерменските сили во Карабах

Следно

Средба на Борел со лидерите на земјите од Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop