Видео од хеликоптерот на МВР за пожарите кај Прилеп и Kатланово

September 4, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вечерва, до 19:00 часот, има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 18 се изгаснати, а активни се осум. Во скопскиот регион има два активни пожара, во општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово, каде гори нискостеблеста шума и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Танушевци, во месноста викана „Рамно“, каде гори мешана шума. 

Активни пожари има и во Општина Прилеп, кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково. Од ЦУК посочуваат дека пожарот се шири на три крака: село Бонче кон село Крушевица, превој Слива кон село Чумово и кон село Пештани. Во овој пожар зафатена е нискостеблеста вегетација.

Од МВР известија дека Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во МВР дејствуваше врз пожарите во реонот на Прилеп и во Катланово. Во 50 налети фрлени се над 125 тони вода.

Во Општина Чашка, на планината Мукос, кај село Степанци пожарот е ставен под контрола, а активен е кај село Оморани и месноста викана „Кадиица“ – село Ораов Дол. Активни пожари има и во Штип, кај селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, во близина на полигонот Криволак, во Општина Долнени, кај село Десово, во близина на ресторанот „Романса“ на стариот пат Прилеп – Битола и на местото викано Дервен во близина на планинарски дом Дервен. 

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека во скопското село Катланово на терен се екипи на БППЗ Скопје и додаде дека викендиците ќе бидат, како што рече, одбранети од пожарот.

Изгаснати пожари има во општините Брвеница, Јегуновце, Старо Нагоричане, Прилеп, Штип, Кисела Вода, кај булеварот „Борис Трајковски“ кај Расадник, Студеничани, Карпош, Неготино, Куманово, Врапчиште, Крушево, Демир Хисар, Гостивар.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Израел и неговите поддржувачи одговорни за смртта на секој невин човек во Газа

Следно

Египетскиот претседател Ал-Сиси: Посетата на Туркије го отвора патот за нова фаза во односите

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop