(ВИДЕО) Нова битка во „војната“ за германски Луцерат – повредени 70 полицајци

January 15, 2023
1 min read

Околу 70 германски полицајци се повредени во судирите со илјадници демонстранти кај селото Луцерат, во западна Германија. Бројките ги обелодени германската полиција.

Според полицијата, кај Луцерат се собрани 15 000, додека според демонстрантите 35 000 луѓе. Тие се противат на најавеното проширување на блискиот рудник за јаглен, што ќе значи целосно уривање на селото. Меѓу демонстрантите, од денеска е и шведската еко-активистка, Грета Тунберг.

Извештај на германски „Билд“.

Од друга страна е полицијата која се обидува да ги отстрани демонстрантите, пред се еко-активисти, кои сметаат дека проширувањето на рудник со јаглен е се само не решение за енергетската криза. Според полицијата, против 150 лица веќе се покренати соодветни постапки.

Судири во Луцерат меѓу полицијата и демонстрантите, фото: Принтскрин.

Според извештаите на германските медиуми, ситуацијата се менува од час во час – од мирна до насилна.

Освен што го отвора прашањето за прифатливоста на одредени извори на енергија, „војната“ во Луцерат која трае веќе неколку дена, е исклучително важна и за владејачката коалиција каде канцеларот Олаф Шолц е во партнерство со зелените партии. Активистите ги обвинуваат „зелените“ дека не си ги исполниле ветувањата.

Владата засега го брани проширувањето на рудникот во име на енергетска безбедност на Германија. Земјата мора повторно да се потпира и на јаглен, за да се надокнади прекинот на испораката на гас од Русија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МНР побара од Софија да се огради од изјавите на „маргинални политички фигури“ на чествувањето на Мара Бунева 

Следно

Пренџов: Како папагали повторувааат „промена на Устав“, но промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop