(ВИДЕО) Нов силен земјотрес ја погоди Турција, бројот на загинатите се зголемува

February 6, 2023
1 min read

Засега не е познато колкава штета е направена од вториот земјотрес, кој исто така се почувствувал низ целиот регион

Урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Втор земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, го погоди округот Елбистан во турската провинција Кахраманмарас. Според извештаите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар вториот земјотрес се случи во 13:24 часот по локално време. Земјотресот бил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмараш.

Засега не е познато колкава штета е направена од вториот земјотрес, кој исто така се почувствувал низ целиот регион.

Официјален претставник на турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека тоа не бил последователен потрес и дека е независен од земјотресот утринава.

Најмалку 70 загинати веќе беа пријавени низ Кахраманмарас по првиот земјотрес.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата утринава. Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5 383 луѓе, а 2 818 згради се урнале во Турција.

Ердоган рече дека не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на загинати додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување.

Според сириските државни медиуми, бројот на загинати во областите под контрола на владата во Дамаск се искачи на најмалку 237 лица, а повеќе од 639 се повредени. Информациите соопштени од страна на Белите шлемови – волонтерска организација што делува во сириските области под контрола на опозициските бунтовници – велат дека таму бројот на загинати изнесува најмалку 147 луѓе.

Во меѓувреме ЕУ мобилизираше повеќе од 10 тимови за пребарување и спасување за да и помогне на Турција
по големиот земјотрес што ги погоди оваа земја и Сирија утринава.

Утринскиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала е најсилниот во Турција во последните 84 години.

Епицентарот на земјотресот бил близу градот Газијантеп на длабочина од 17,9 километри. Тој се случил во 4:17 часот по локално време и бил почувствуван и во Либан, Кипар и Израел, а потоа имало уште два со јачина од 6,4 и 6,5 степени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приватните превозници нема да блокираат, на повидок договор со Град Скопје

Следно

ЗАСТРАШУВАЧКА АНИМАЦИЈА: Како земјотресот во Турција ја потресе цела Европа (ВИДЕО)

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop