(ВИДЕО) Напад врз новинарска екипа на РТК во Лепосавиќ, снимателот удиран со клоци по телото

June 16, 2023
1 min read

На видео што се шири на социјалните мрежи се гледа како група маскирани лица ги бркаат камерманот и новинарот на РТК. Еден од напаѓачите во еден момент успева да ги стигне и да го турне на земја снимателот по што го удира со нозе по телото

ФОТО: Принтскрин

Снимателот на Радио-телевизија Косово, Бард Бектеши бил физички нападнат во Лепосавиќ. Во нападот од маскирани лица му била скршена и камерата, пренесува телевизијата.

На видео што се шири на социјалните мрежи се гледа како група маскирани лица ги бркаат камерманот и новинарот на РТК. Еден од напаѓачите во еден момент успева да ги стигне и да го турне на земја снимателот по што го удира со нозе по телото.

По нападот, од Управниот одбор и раководството на РТК рекоа дека снимките од нападот сведочат за невидено насилство врз новинарите.

„Ваквите постапки освен што се неприфатливи, претставуваат и аларм за органите на прогонот да обезбедат поголемо обезбедување на медиумските екипи и воедно да ги изведе пред лицето на правдата сторителите на ваквите кривични дела“,

се наведува во заедничкото соопштение на УО и раководството на РТК.

Реакција има и од Здружението на новинари на Косово од каде ги повикуваат сите, почнувајќи од косовскиот премиер Курти и другите релевантни фактори, да дадат се од себе за да овозможат безбедна средина за новинарите да ја вршат својата работа.

Мрежата „Безбедни новинари“ (Safe Journalists), која претставува повеќе од 8 200 медиумски професионалци во Западен Балкан, денеска објави дека се придружува кон барањето на нејзината членка, Здружението на новинари на Косово (АЈК) и го повика КФОР да ја гарантира безбедноста на новинарите.

Мрежата смета дека е многу вознемирувачко што КФОР е присутен и не реагира во момент кога животот на неколку медиумски работници е во опасност, се вели во соопштението поврзано со физичкиот напад на снимателот на Радио-телевизија Косово, Бард Бектеши, додека денеска известувал од Лепосавиќ.

„Безбедни новинари“ наведува дека ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

КФОР: Не е јасно каде биле косовските полицајци во времето кога се уапсени од српската полиција

Следно

Зидан подготвен за враќање на тренерската работа

Latest from Blog

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната
Go toTop