КФОР: Не е јасно каде биле косовските полицајци во времето кога се уапсени од српската полиција

June 16, 2023
2 mins read

Останува нејасно каде биле припадниците на косовската полиција во време на апсењето, се вели во соопштението од КФОР

Мисијата на КФОР го заврши увидот на теренот по апсењето на тројцата косовски полицајци и разговараше со претставници на институциите на Србија и Косово и соопшти дека врз основа на собраните податоци, останува нејасно каде биле припадниците на косовската полиција во време на апсењето од страна на српската полиција.

„На оваа локација, во близина на административната гранична линија, институциите на Косово и Србија имаат јасни надлежности да се координираат со КФОР. Ги потсетуваме двете страни на нивните надлежности според Воено-техничкиот договор меѓу Србија и КФОР, како и процедурите за координација меѓу косовската полиција, вклучувајќи ја граничната и КФОР“,

се вели во соопштението од Мисијата.

Тие, исто така, ги потсетија двете страни дека распоредувањето на косовските безбедносни сили на северот на Косово бара претходна согласност од командантот на КФОР.

„Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат договорите и процедурите за соработка со КФОР“,

се вели во соопштението, во кое се додава дека Србија и Косово треба да се воздржат од провокативна реторика и еднострани потези кои можат да доведат до ескалација на тензиите.

Од мисијата на КФОР велат дека ги поздравуваат сите напори на дипломатската заедница за решавање на ова прашање и го поддржуваат дијалогот олеснет од ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Во координација со Косовската полиција и ЕУЛЕКС, КФОР продолжува да го спроведува својот мандат како трет одговорник – врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година – за да обезбеди сигурна и безбедна средина и слобода на движење за доброто на сите заедници на Косово“,

се додава во соопштението.

Оттаму велат дека генерал-мајор Ристучија, командант на КФОР, е во редовен контакт со претставници на институциите и безбедносните организации во Косово, како и со претставници на српските вооружени сили, Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), ОБСЕ и дипломатската заедница, се вели во соопштението.

На 14 јуни припадниците на специјалните единици на српската полиција уапсија тројца вооружени припадници на косовската полиција на територијата на централна Србија.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, преку социјалната мрежа Фејсбук ја обвини Србија за нелегално влегување на територијата на Косово и киднапирање тројца полицајци.

Свечла посочува дека тоа е прекршување на каков било договор и дека е спротивно на кој било принцип на меѓународните норми.

Со барање за итно ослободување на тројцата уапсени припадници на косовската полиција се огласи премиерот на Косово, Албин Курти. Тој упати обвинувања кон Белград и го оквалификува чинот како агресија и намера за дестабилизација.

Вишото јавно обвинителство во Краљево денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца косовски полицајци поради сомнение дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, јавува Радио Слободна Европа.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во Франција, засега нема информации за штети

Следно

(ВИДЕО) Напад врз новинарска екипа на РТК во Лепосавиќ, снимателот удиран со клоци по телото

Latest from Blog

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop