ВИДЕО: Милијардер ги предизвика рамноземјашите: Докажете, еве ви три милијарди долари

December 9, 2025
3 mins read

Милијардерот и извршен директор на компанијата „Columbia Sportswear“ штотуку им даде можност која никогаш во животот не се добива, на сите што веруваат дека Земјата е рамна.

Тим Бојл (76) најави нов предизвик за рамноземјашите – да го пронајдат вистинскиот „раб“ на планетата и да донесат фотографија од понорот кој, според нив, се наоѓа зад него.

Бојл, чие богатство се проценува на 1,6 милијарди долари, изјави дека наградата за нивното откритие, кое би го сменило светот, ќе биде контрола над неговиот семеен бизнис вреден три милијарди долари, основан во 1938 година.

Најавата е дел од новата маркетинг кампања на компанијата „Columbia“ под името „Impossible Expedition“, во која Бојл шета низ седиштето на компанијата во Орегон, ветувајќи дека сè – од салите за состаноци до апаратите за кафе – ќе биде сопственост на победникот, пренесе „Daily Mail“.

@dailymail The billionaire CEO of the Columbia Sportswear Company has just made anyone who believes the Earth is flat an opportunity of a lifetime. Tim Boyle, 76, announced a new competition on Tuesday, which challenged ‘flat Earthers’ to find the actual edge of the planet and bring back a picture of the abyss that sits beyond. Boyle, who is worth an estimated $1.6billion, said the reward for their world-changing discovery would be the control of his $3billion family business, which was founded in 1938. Read more on DailyMail.com 📷 Columbia Sportswear #science #flatearth #apparel #clothing #news ♬ original sound – Daily Mail

„Оваа порака е за рамноземјашите. Тврдите дека Земјата има крај. Па, едноставно одете, фотографирајте, испратете нѝ фотографија и ќе ја добиете компанијата. Сè. Без документи, без адвокати, без замки“, изјави Бојл.

Луѓето знаат дека Земјата е кружна повеќе од 2.000 години, а научниците продолжуваат да собираат „планини“ докази што го поткрепуваат овој заклучок.

Ова вклучува едноставни докази, како исчезнувањето на бродовите додека пловат преку хоризонтот и кружната сенка што Земјата ја фрла врз Месечината за време на лунарни еклипси, па сè до поконкретни докази како фотографиите направени од шатлови и сателити во вселената.

И покрај визуелните докази, многу поддржувачи на теоријата на рамна Земја веруваат дека тие се нелегитимни или лажни.

Современото движење на рамноземјашите се појавило во Англија во 19-от век со Семјуел Роуботам како главна фигура. Тој во 1849 година ја објавил „Zetetic Astronomy“ под псевдонимот „Parallax“, тврдејќи дека Земјата е рамен диск, и го основал Зететичкото друштво.

Неговите идеи, засновани на псевдонаука како експериментот „Bedford Level“, се прошириле во САД и биле оживеани од групи како Универзалното Зететичко друштво по неговата смрт.

Денес, многу „рамноземјаши“ во основа не им веруваат на научните институции како НАСА и владини тела, сметајќи дека научните докази се дел од комплексна, постојана завера создадена за да ја сокрие „вистината“.

Бојл е член на основачкото семејство на брендот за спортска облека, кој бил основан како „Columbia Hat Company“ откако неговите баба и дедо емигрирале од Германија.

Иако извршниот директор се заколна дека нема да има никаква документација ако некој успее да докаже дека Земјата е рамна, човек кој тврди дека е адвокат на Бојл брзо се појави за да ги открие „ситните букви“ во понудата на „Columbia“.

Се утврди дека „Columbia“ всушност ја основала „The Company, LLC“, за која гигантот за облека навел дека и понатаму има имот вреден 100.000 долари, што значи дека еден среќен рамноземјаш и понатаму би можел да добие убава исплата, доколку успее.

Сепак, „Columbia“ исто така се погрижила рамноземјашите да не бидат премногу „креативни“ и преку краток пат да дојдат до огромната награда.

Според д-р Иан Витакер, професор по физика на Универзитетот Нотингем Трент, причината поради која гледаме прав хоризонт е што се наоѓаме на самата Земја, а не во вселената.

На нивото на земја, човек може да види само неколку километри во ширина од едната до другата страна на хоризонтот, што не е доволно за да се забележи закривеноста на Земјата.

„За да ви доловам, гледате кошаркарска топка и ја гледате целата закривеност затоа што сте масивни во споредба со неа“, изјави д-р Витакер за „Daily Mail“. „Сега замислете микроб на површината. Што би виделе? Би гледале само огромна рамна површина затоа што неговата висина е премала во споредба со закривеноста на топката“.

Во април, цивилни астронаути снимија целосно нови снимки на Земјата од вселената кои јасно ја покажуваат закривеноста на планетата, што предизвика уште поголемо негодување меѓу рамноземјашите.

Видеото го снимија патниците од мисијата Fram2, лет на „SpaceX“ кој за првпат во историјата постави луѓе во орбита над Земјините полови.

„Рамноземјашите во хаос“, објави еден корисник на „SpaceX“ под видеото.

Но, подбивањето разгневи дел од поддржувачите на теоријата за рамна Земја, па една личност напиша:

„Во хаос, ама за малку! Затворете го кругот, дали сме во уште едно ледено доба. Зошто е половина Земја покриена со мраз? Престанете да користите закривени леќи!“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Следно

Заврши административниот процес за присоединување на Боров Дол кон Бучим

Latest from Blog

Заврши административниот процес за присоединување на Боров Дол кон Бучим

Радовиш, 9 декември 2025 – Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Посочи дека исплатата на надоместокот

Кочоска: Новиот буџет е основа за посилен раст и поголема доверба во институциите

Расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година денеска започна во Собранието, при што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека документот претставува „јасна економска порака за стабилност, доверба и развој“. Таа истакна
Go toTop