По овој настан во Иран ДАЛИ НЕКОЈ ОЧЕКУВАШЕ ВАКВА ИЗЈАВА ОД ТРАМП

March 10, 2026
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „не знае доволно“ за нападот врз иранското основно училиште, за кој Иран тврди дека убил повеќе од 160 деца, но дека е „подготвен да живее“ со наодите од американската истрага за инцидентот.

Видео снимката од блиската зграда, направена за време на американскиот напад во областа и објавена од иранските медиуми, покажува ракета „Томахавк“ произведена во САД како погодува зграда до женско училиште, изјавија експерти за ABC News.

Трамп наговести дека е можно да станува збор за „томахавк“ испукан од Иран, наведувајќи дека оружјето е произведено во САД, но се продава и на други земји.

„Но, во моментов се истражува. Едноставно не знам доволно за тоа. Мислам дека е нешто за кое ми беше кажано дека е под истрага. Но, „томахавците“ ги користат и други, како што знаете. Голем број други нации имаат „томахавци“. Тие ги купуваат од нас. Но, секако, што и да покажува извештајот, јас сум подготвен да живеам со тој извештај“, рече Трамп.

Американската војска нападна цели во Иран минатата сабота, 28 февруари, во областа каде што беше погодено основно училиште и беа убиени 160 деца, изјавија претходно две лица запознаени со првичните наоди на истрагата.

Анализата на сателитските снимки од ABC News сугерира дека училиштето „Шаџаре Тајебех“ во градот Минаб се наоѓало во близина на комплексот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), но било одвоено од него пред повеќе од една деценија.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, го отфрли тврдењето на Трамп дека Иран стои зад нападот врз женското основно училиште во интервју за NBC во неделата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Итна седница на НКТ: По згаснатите животи на Ивана и Катја ќе се менуваат неколку закони

Следно

Nenad Saveski është propozimi i Qeverisë për kryeprokuror të ri

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop