(ВИДЕО) Ковачевски пред седницата на ИО на СДСМ: Со Таравари во најголем процент се усогласивме

January 31, 2023
1 min read

И премиерот посочи дека за кадровски решенија не се разговарало, а за тоа дали се усогласени со актуелниот владин партнер Алтернатива околу влезот на Алијанса за Албанците во Влада, Ковачевски посочи дека имале состаноци, а ќе имаат и нови во наредните денови

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на редовна седница на Извршниот одбор (ИО) на неговата партија, ќе ги информира членовите за денешните разговори со претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за можното влегување на оваа партија во владината коалиција.

Откако Таравари по денешниот состанок со Ковачевски изјави дека околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани, премиерот не излезе со конкретна бројка, но потврди дека „да, во најголем процент се усогласени“.

„Ја видов изјавата на господинот Таравари и тој го кажа истото што и јас го кажав во однос на програмските усогласувања. Да се разбереме дека основните претпоставките на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса и други партии го застапуваат, а тоа е: стратешко партнерство со САД, продолжување на патот во европските интеграции, носење на сите реформски закони во Собранието што се потребни, носење на големите одлуки што се потребни за продолжување на патот ко ЕУ, како и носење системски решенија за унапредување на владеење на правото, контролните механизми и борбата против корупцијата. Можам да кажам дека да, во најголем процент се усогласивме, а во делот на другите аспекти на можната соработка разговорите ќе продолжат“,

изјави Ковачевски пред седницата на ИО.

Тој го повтори она што претходно го соопштија и од владината прес-служба дека со Таравари се разговарало за скринг-процесот со ЕУ, претседавањето со ОБСЕ, стратешкиот дијалог со САД, владеењето на правото, реформските закони, финансиската контрола, намалување на злоупотреба на балансерот за вработување, рамномерен регионален развој итн.

За кадровски решенија, исто како и Таравари, и Ковачевски потенцираше дека не се разговарало.

Според информациите кои излегоа во јавноста, како можни министерства кои би можела да ги преземе Алијанса за Албанците при влез во Владата се министерствата за правда и здравство. Здравство во моментов е раководено од Беким Сали, кадар на Алтернатива.

На новинарско прашање дали се усогласени со Алтернатива, Ковачевски вечерва одговори дека имале состаноци, а во наредните денови ќе се одржат и нови.

„Со Алтернатива имавме состаноци изминатите денови, во текот на наредните денови нормално дека ќе имаме состаноци на кои ќе разговараме исто така за развојот на разговорите со Алијанса“,

рече Ковачевски.

Инаку, покрај разговорите за влез на Алијанса во Владата, според изјавата на Ковачевски, вечерва на седницата на ИО на СДСМ ќе се разговара и за други актуелни состојби во државата, справувањето со енергетската криза и почетокот и плановите за оваа година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана

Следно

Шмигал: Самитот Украина-Европска унија ќе се одржи в петок во Киев

Latest from Blog

Се враќа Роки, но без Сталоне- прв пат се појави актерот што ќе го замени (ВИДЕО)

Студиото Amazon MGM ја откри првата фотографија од актерот Ентони Иполито, познат по серијата „Понудата“, во улогата на младиот Сталоне во филмот „Јас го играм Роки“. Станува збор за биографска драма што

По жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД

Ла Лига го потврди откажувањето на натпреварот Виљареал – Барселона кој требаше да се одигра во САД. Во соопштението објавено, Ла Лига вели дека по разговорите со организаторот на официјалниот натпревар во

Брзото губење на заби кај повозрасните може да биде предупредувачки знак

Нова студија објавена во списанието Science Alert открива значајна врска помеѓу брзината на губење на забите во постара возраст и зголемениот ризик од смрт. Истражувањето укажува дека губењето на заби не е

Ѓорѓиевски и Митески разговараа за идеите, потребите и визијата за достоинствен Аеродром

Заедно со Орце Ѓорѓиевски, остваривме искрени и топли средби со граѓаните на неколку локации низ Аеродром – зад Капитол, на Детската улица во Ново Лисиче и во Парк Бановина, истакна кандидатор за
Go toTop