(ВИДЕО) Ковачевски, мавтајќи со зелено знаме, даде знак за почеток на изградбата на коридорот 10-д

May 12, 2023
2 mins read

Премиерот Димитар Ковачевски, кој облечен во зелен флуоресцентен елек и мавтајќи со зелено знаме, даде знак за старт кој беше поздравен со аплауз од другите присутни функционери од Владата и гости

Вицепремиерот Артан Груби, овој пат облечен во бела маица на која е отпечане бројот на коридорот 10-д, рече: „подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел и кој никој нема да го запре

Со мавтање зелено знаме и со откривање табла на која пишува: „Поставување камен-темелник на проектот Коридор 10-д“ денеска почна изградбата на автопатот Прилеп – Битола, долг 39,3 километри.

Почетокот на изградбата го означи премиерот Димитар Ковачевски, кој облечен во зелен флуоресцентен елек, мавтајќи со зелено знаме, даде знак за старт кој беше поздравен со аплауз од другите присутни функционери од Владата и гости.

„Нека е со среќа“,

рече Ковачевски.

Потоа беше откриена и таблата по што сите погледи беа насочени кон багерите кои почнаа со копањето.

Според премиерот Димитар Ковачевски, овој проект е траен влог и наследство за следните генерации.

„Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8 000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарда евра и номинален раст на БДП од два отсто во наредните пет години на годишно ниво. Се отвораат можности за нови бизниси, за изградба на објекти од различни дејности и со тоа дополнителни нови работни места. Коридорите 8 и 10-д досега беа само на хартија. Овие проекти се од национален и стратешки интерес, а придобивки ќе имаат граѓаните, економијата и државите што ги поврзува овој коридор“,

истакна премиерот од говорницата која наликуваше на автопат и на која беше напишан бројот 10.

Според него, изведбата на делницата заедно со автопатите од Коридорот 8 се најголемата капитална инвестиција во земјава која ќе биде пресвртница во развојот на државата.

„Со оваа инвестиција Северна Македонија од кружен тек ќе стане вистинска крстосница на Балканот. Ја позиционираме земјава на економската и инфраструктурната карта на Европа“,

напомена Ковачевски.

ФОТО: „360 степени“

На настанот се присутни и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, в.д. амбасадорот на САД, Ерик Мајер, амбасадорот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок, како и претседателот на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток, Џастин Сиберел. 

Вицепремиерот Артан Груби, овој пат облечен во бела маица на која е отпечатен бројот на Коридорот 10-д, рече: „подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел и кој никој нема да го запре“.

Според министерот Бочварски, од денеска изведувачот ги почнува подготвителните работи и геотехничките истраги на терен и во наредниот период, како што рече, ќе бидеме сведоци на огромно градилиште по целата траса на овој патен правец. Ова е можност, истакна Бочварски, за ангажирање на домашната градежна оператива, што значи нови вработувања и посебно развој на градежната дејност. 

Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека почнува нова ера во која наместо само 5,8 километри автопат годишно, колку што се граделе изминатите три децении, во следните четири години и седум месеци ќе се градат по 23 километри автопат годишно или вкупно 110 километри.

По завршувањето на настанот, на терен можеше да се видат повторно комбињата на фирмата „Арбериа дизајн“ во кои се собираа материјалите од размонтираната бина.

Денешното поставување на камен-темелникот за автопатот Прилеп – Битола на Коридорот 10-д беше речиси идентично со она од 4 април, кога почнаа градежните работи за изградба на Коридорот 8.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На Украина за контраудар не и се доволни само 30-те милијарди долари оружје

Следно

Најмалку 16 загинати во терористички напад во Нигерија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop