Најмалку 16 загинати во терористички напад во Нигерија

1 min read

АБУЏА (АА) – Шеснаесет цивили ги загубија животите во нападот што терористичката организација ИСВАП, западноафрикански огранок на ДЕАШ, го изведе во нигериската држава Борно, пренесува Анадолу.

Според вестите што ги објавија националните медиуми, терористичката организација ИСВАП извршила напад во регионот Абадам во државата Борно.

Во нападот животот го загубија 16 лица, а има и голем број повредени.

Абу Мусаб ал-Барнави, син на Мохамед Јусуф, основач на терористичката организација Боко Харам во Нигерија, стана портпарол на Боко Харам по смртта на неговиот татко во 2009 година.

Лидерската криза што започна внатре во составот на Боко Харам во 2016 година, предизвика организацијата да се подели меѓу Барнави и Абубекир Шекау.

Шекау управува со Боко Харам, а Барнави своите активности ги продолжи со формирање на ИСВАП во соработка со ДЕАШ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

(ВИДЕО) Ковачевски, мавтајќи со зелено знаме, даде знак за почеток на изградбата на коридорот 10-д

Следно

У15: Македонските фудбалери втор пат подобри од Малта

Latest from Blog