(ВИДЕО) Како дојде до ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово

July 13, 2023
1 min read

До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самопределување, Мимоза Кусари-Лила со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал

Опозициските партии денеска во говорницата на Собранието залепија транспарент на кој пишуваше „Здраво“, алудирајќи на поздравувањето на Кусари Лила со Радоичиќ. Додека премиерот на Косово, Албин Курти збореше од говорница, пратеникот на опозициската Демократскта партија на Косово, Мергим Луштаку му се доближи и го испрска со вода по што на овој чин возрвати вицепремеирот Бесник Беслими фрлајќи кон него флаша вода. Веднаш потоа Луштаку ги турна министрите Хекуран Мурати и Албулена Хаџиу.Во меѓувреме, претседателот на Собранието на Косово ја повика полицијата во собраниската сала.

Демократската партија го осуди нападот на вицепремиерот Бесник Бислими врз пратениците на ПДК. Од таму велат Бислими наместо да се срами и да даде отчет за прислушувањето, тој ја испровоцира опозицијата со отстранување на фотографијата што ја поставија на говорница.

„Наместо по навредата што ја направија на државата Косово, ветераните на ОВК, албанските политички актери, народот на Косово, пред слугите на Радојчиќ, денеска во Собранието на Косово, вицепремиерот Бесник Бислими да се засрами и да даде отчет за прислушувањето, тој ја провоцира опозицијата со отстранување на фотографијата што беше поставена на говорницата. Всушност, токму вицепремиерот Бислими прв го удри пратеникот Мергим Луштаку со тврд алат и со шишиња“,

се вели во реакцијата на ПДК.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Над 200 судии на избори бираат двајца членови за Судскиот совет

Следно

“Babylon” dhe “Fatal Attraction”: Tituj që duhen parë këtë verë në SkyShowtime

Latest from Blog

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма
Go toTop