(ВИДЕО) Извлечени остатоци од подморницата „Титан“

June 28, 2023
1 min read

Огромните метални парчиња веднаш биле покриени со церади пред крановите да ги подигнат на камиони кои ги носат на проценка

Делови од туристичката подморница „Титан“ се извлечени од дното на Атлантикот откако таа се распадна пред десетина дена при нуркање до потонатиот брод „Титаник“, при што загинаа пет лица.

Металните остатоци од подморницата „Титан“ се истоварени од бродот „Хоризонт Арктик“ во Сент Џонс, Канада.

Огромните метални парчиња веднаш биле покриени со церади пред крановите да ги подигнат на камиони кои ги носат на проценка.

Претставници на американската крајбрежна стража изјавија дека рамката за слетување на потопната подморница и задниот капак биле пронајдени меѓу остатоците.

Пет лица загинаа, меѓу кои и тројца британски државјани, кога подморница претрпе катастрофална експлозија додека се обидуваше да се спушти до остатоците од Титаник.

Потрагата по исчезнатата подморница започна на 18 јуни, а делови од остатоците беа пронајдени на околу 487 метри од остатоците на „Титаник“ пет дена подоцна на длабочина од околу 3 800 метри.

На туристичката подморница исчезна во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг и беше изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето.

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.  

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се зголемува бројот на жртвите во ракетниот напад во Краматорск, украинските служби уапсиле осомничен соучесник

Следно

Бројот 88 забранет на фудбалските дресови во Италија: Причината добро позната на цела Европа!

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop